Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: МВР санкционираше над 16.800 сообраќајни прекршоци во мај, одземени 238 возила
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
Со специјални очила им покажуваа на возачите како алкохолот влијае врз нивните способности
МВР
Две 14-годишни деца тешко повредени во судир на три автомобили во Гостивар
МВР
Два инциденти во Ѓорче Петров: Татко ја нападнал ќерката, малолетници нападнати во училишен двор
МВР
Малолетник заврши во болница откако бил послужен со алкохол во локал во Кичево
МВР
Внимание ако денес возите низ Скопје: Овие улици ќе бидат затворени до 14 часот
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
МВР

МВР санкционираше над 16.800 сообраќајни прекршоци во мај, одземени 238 возила

Претрес.мк
Последни промени 01/06/2026
Претрес.мк
Сподели

Во текот на мај годинава, полициските службеници низ државата евидентирале вкупно 16.885 сообраќајни прекршоци, покажуваат податоците на Министерството за внатрешни работи.Најголем број од прекршоците се однесуваат на непочитување на пропишаната брзина на движење. Во текот на месецот санкционирани биле 4.473 возачи по оваа основа, додека 3.851 прекршок се однесуваат на непрописно паркирање.Полицијата изрекла и 920 санкции за користење мобилен телефон при управување со возило.Во рамки на контролите за безобѕирно управување со моторно возило, согласно Кривичниот законик, санкционирани се 70 возачи кои управувале под дејство на алкохол, 241 возач без возачка дозвола и 33 лица кои управувале возило и покрај претходно изречена забрана.Во истиот период, согласно член 300-б од Кривичниот законик, биле одземени 238 возила.Од МВР информираат дека санкционирани биле и 1.281 возач на мотоцикл поради неносење заштитен шлем, како и 1.584 учесници во сообраќајот кои не користеле сигурносен појас.Покрај тоа, казнети се 295 пешаци поради прекршување на сообраќајните правила.Според Законот за возила, од сообраќај биле исклучени 240 нерегистрирани возила, како и 83 возила поради техничка неисправност.Санкции добиле и 55 возачи поради непочитување на прописите за затемнување на стаклата на возилата.Од Министерството за внатрешни работи најавуваат дека сообраќајните контроли ќе продолжат и во наредниот период, апелирајќи до граѓаните доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел зголемување на безбедноста на патиштата.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

Со специјални очила им покажуваа на возачите како алкохолот влијае врз нивните способности
Две 14-годишни деца тешко повредени во судир на три автомобили во Гостивар
Два инциденти во Ѓорче Петров: Татко ја нападнал ќерката, малолетници нападнати во училишен двор
Малолетник заврши во болница откако бил послужен со алкохол во локал во Кичево
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад