Вистинска среќа е што никој не бил повреден откако заталкан куршум паднал во двор на семејна куќа во скопското село Орман и предизвикал материјална штета.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 30 мај околу 15:30 часот во СВР Скопје, 49-годишниот Д.З. од Скопје пријавил дека во дворот на неговата куќа во селото Орман паднало заталкано зрно од огнено оружје.Притоа била оштетена настрешницата под која било паркирано патничко возило, а оштетувања биле констатирани и на самото возило.Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето кое пукало и за целосно расчистување на случајот.
Сподели го овој напис
