Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: „Фантоми Север“ обвинија за полициска бруталност по натпреварот во Кочани, МВР тврди дека навивачи нападнале полицајци
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
Српски државјанин казнет со 3.000 евра: Двапати возел повеќе од двојно над дозволеното
МВР
Четворица приведени во Скопје и Прилеп, кај нив пронајдени бела прашкаста материја и марихуана
МВР
Пешак тешко повреден откако во него удрил автомобил на патот Огњанци – Петровец
МВР
Пијан управувал мопед, изгубил контрола и паднал, тешко повереден 52-годишник во Прилеп
МВР
28-годишен син ја нападнал мајка му
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
МВР

„Фантоми Север“ обвинија за полициска бруталност по натпреварот во Кочани, МВР тврди дека навивачи нападнале полицајци

Претрес.мк
Последни промени 31/05/2026
Претрес.мк
Сподели

Навивачката група „Фантоми Север“ преку објава на социјалните мрежи обвини за полициска бруталност по завршувањето на фудбалскиот натпревар во Кочани, тврдејќи дека повеќе нивни членови биле физички нападнати од полициски службеници.Според нивната објава, инцидентот се случил откако навивачите се упатиле кон автобусот со кој патувале, при што, како што наведуваат, настанал хаос и биле употребени пендраци, боксови и шамари. Тие тврдат дека имаат членови со повреди на главата и окото, како и лице со скршена рака.„Во 21 век, зарем сѐ уште нема крај на полициската бруталност?“, прашуваат од „Фантоми Север“, барајќи одговорност и целосно расчистување на случајот.Од друга страна, Министерството за внатрешни работи соопшти дека на 30 мај во 18:40 часот во Кочани биле лишени од слобода Б.Б. (27) и П.Н. (28), двајцата од Гевгелија, поради тоа што по завршување на натпреварот меѓу ФК „Кожув“ и ФК „Борец 1919“, како навивачи спречиле и нападнале полициски службеници при вршење службени дејствија.Од МВР информираат дека за случајот е известен јавен обвинител и дека по неговото целосно документирање ќе биде поднесен соодветен поднесок.Засега остануваат спротивставени тврдењата на навивачката група и на полицијата, а околностите околу инцидентот се предмет на понатамошно утврдување.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

Српски државјанин казнет со 3.000 евра: Двапати возел повеќе од двојно над дозволеното
Четворица приведени во Скопје и Прилеп, кај нив пронајдени бела прашкаста материја и марихуана
Пешак тешко повреден откако во него удрил автомобил на патот Огњанци – Петровец
Пијан управувал мопед, изгубил контрола и паднал, тешко повереден 52-годишник во Прилеп
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад