Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Алкохол, незгоди и возење без дозвола: Шест возачи завршија во полициска станица
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
Приведени две лица кај Форино, запленета дрога во возило
МВР
Косовски државјанин избега од царинска контрола на Блаце, фатен во Скопје со дрога и нож
МВР
Претрес во Струмица: Пронајдени кокаин, хероин, марихуана и 400 семки канабис
МВР
(Видео) Бегалецот од кочанската полициска станица остана без луксузните возила и станот
МВР
Лекарите откриваат кои секојдневни предмети кријат најмногу бактерии
 Предмети
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
МВР

Алкохол, незгоди и возење без дозвола: Шест возачи завршија во полициска станица

Претрес.мк
Последни промени 31/05/2026
Претрес.мк
Сподели

Шест возачи биле лишени од слобода во текот на изминатото деноноќие на различни локации низ државата поради безобѕирно управување со моторни возила, информира Министерството за внатрешни работи.Меѓу приведените има тројца возачи кои управувале под дејство на алкохол, додека двајца од нив предизвикале и сообраќајни незгоди.Во Скопје биле приведени двајца возачи кај кои биле измерени по 1,85 промили алкохол во крвта. Едниот управувал мопед, а другиот патничко возило и притоа удрил во метална ограда, предизвикувајќи сообраќајна незгода.Во Дебар, полицијата лишила од слобода возач кај кого биле измерени 2,75 промили алкохол во крвта. Тој претходно предизвикал сообраќајна незгода, а потоа физички нападнал полициски службеници при вршење службени дејствија.Во Крушево бил приведен возач кој управувал возило без да поседува возачка дозвола, додека во Македонска Каменица бил затекнат возач кој управувал и покрај изречена забрана за возење.Уште едно лице било лишено од слобода во Скопје откако било утврдено дека управувало нерегистрирано возило без возачка дозвола.Од МВР најавуваат дека по целосното документирање на случаите против сите лица ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.Министерството упати апел до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, нагласувајќи дека возењето под дејство на алкохол, без возачка дозвола или спротивно на законските ограничувања сериозно ја загрозува безбедноста на сите учесници во сообраќајот.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

Приведени две лица кај Форино, запленета дрога во возило
Косовски државјанин избега од царинска контрола на Блаце, фатен во Скопје со дрога и нож
Претрес во Струмица: Пронајдени кокаин, хероин, марихуана и 400 семки канабис
(Видео) Бегалецот од кочанската полициска станица остана без луксузните возила и станот
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад