Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Нов бран случаи на семејно насилство: МВР регистрираше седум пријави за 24 часа
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
Пожар во куќа во Матејче, две лица пренесени во болница поради вдишан чад
МВР
Уапсен радовишанец баран со потерница
МВР
За да избегне судир со товарно возило излетал од коловозот, мопедист заврши со тешки повреди
МВР
Изгубил контрола над мопедот, излетал од патот и удрил во дрво – тешко повреден 18-годишник
МВР
Нов бран случаи на семејно насилство: МВР регистрираше седум пријави за 24 часа
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
МВР

Нов бран случаи на семејно насилство: МВР регистрираше седум пријави за 24 часа

Претрес.мк
Последни промени 30/05/2026
Претрес.мк
Сподели

Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на последното деноноќие биле регистрирани седум случаи на семејно насилство, при што пет лица биле лишени од слобода, а за едно од нив е поднесена кривична пријава и му е одредена мерка притвор.Најсериозниот случај е регистриран во Велес, каде што на 29 мај во 08:40 часот бил приведен 62-годишниот Л.Н., откако физички ја нападнал својата малолетна ќерка, ѝ се заканувал, а физички ја нападнал и својата 56-годишна сопруга. При проверките било утврдено дека бил под дејство на алкохол, со измерени 0,70 промили алкохол во крвта. По поднесената кривична пријава, судија на претходна постапка му одредил мерка притвор и тој бил спроведен во КПУ Затвор Скопје.Во Куманово биле приведени две лица. Во 11:20 часот бил лишен од слобода Н.Ц. (44) поради физички напад врз неговата сопруга, а еден час подоцна бил приведен и Д.С. (40), кој физички ги нападнал својата партнерка и нејзиниот син.Во Тетово биле пријавени два инцидента поврзани со 57-годишниот В.Р. Неговата мајка пријавила дека агресивно се однесувал и кршел предмети во станот, додека нивна сосетка пријавила дека ѝ нанел повреди со остар предмет. По интервенција на полицијата и Итната медицинска помош, лицето било хоспитализирано во здравствена установа во Скопје.Во Скопје, 39-годишна жена пријавила дека нејзиниот поранешен вонбрачен партнер ѝ упатувал закани, додека во Велес бил приведен и 24-годишниот Д.Д. поради физички напад врз неговата невенчана сопруга.Дополнително, во Охрид бил пријавен случај во кој А.Н. во семејниот дом бил агресивен кон својата мајка и ѝ упатувал закани по живот.Од МВР соопштуваат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на сите случаи, по што против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

Пожар во куќа во Матејче, две лица пренесени во болница поради вдишан чад
Уапсен радовишанец баран со потерница
За да избегне судир со товарно возило излетал од коловозот, мопедист заврши со тешки повреди
Изгубил контрола над мопедот, излетал од патот и удрил во дрво – тешко повреден 18-годишник
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад