Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Нов бран семејно насилство низ државата: Напади врз сопруги, родители, деца и сестри
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
(Видео) Сузбиена криминална група поврзана со тероризам и недозволена трговија со оружје во Скопје: Пронајдени автоматски пушки, муниција и официјално знаме на ИСИС
МВР
43-годишен маж пронајден починат во автосервис во Битола
МВР
Физички нападнал 21-годишник и му се заканувал со огнено оружје, приведен 62-годишник
МВР
Возел со 2,92 промили алкохол во крвта и предизвикал сообраќајка во Тетово, приведен 66-годишник
МВР
Десет лица упасени, кај нив пронајдена дрога
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
МВР

Нов бран семејно насилство низ државата: Напади врз сопруги, родители, деца и сестри

Претрес.мк
Последни промени 27/05/2026
Претрес.мк
Сподели

Во текот на вчерашниот ден, Министерство за внатрешни работи регистрираше повеќе случаи на семејно насилство и физички напади низ државата, при што дел од сторителите се лишени од слобода.Во Скопје, 34-годишна жена пријавила дека во село во општина Зелениково, по претходно недоразбирање, била физички нападната од нејзиниот 65-годишен свекор.На подрачјето на Карпош, полициски службеници го привеле Д.К.(30) од Скопје, по пријава дека во домот физички ја нападнал неговата 33-годишна сестра и искршил дел од покуќнината.Во друг случај во Скопје, 39-годишна жена пријавила дека пред неколку дена на подрачјето на Кисела Вода била физички нападната од нејзиниот партнер А.А.(38).Во радовишко село, полицијата привела 70-годишен жител, поради сомнение дека физички ја нападнал неговата малолетна внука. За случајот бил известен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Струмица.Во Велес, 63-годишен маж пријавил дека неговиот 37-годишен син му упатувал закани, додека 43-годишна жена од велешко пријавила физички напад и закани од нејзиниот поранешен сопруг.Во Охрид било пријавено дека Д.Б. физички го нападнал својот 64-годишен татко во семејниот дом.Во Гостивар, полицијата го лишила од слобода З.Ѓ.(71), поради пријава дека физички ги нападнал својот син и снаата.Во Тетово бил приведен 72-годишен маж, осомничен дека со тврд предмет ја нападнал својата 66-годишна сопруга.Дополнително, во Полициското одделение Жеровјане, 70-годишен жител на тетовско село пријавил дека бил физички нападнат од неговиот 75-годишен зет во маркет во друго село.Од МВР информираат дека се преземаат мерки за расчистување на сите случаи, по што ќе бидат поднесени соодветни пријави против сторителите.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

(Видео) Сузбиена криминална група поврзана со тероризам и недозволена трговија со оружје во Скопје: Пронајдени автоматски пушки, муниција и официјално знаме на ИСИС
43-годишен маж пронајден починат во автосервис во Битола
Физички нападнал 21-годишник и му се заканувал со огнено оружје, приведен 62-годишник
Возел со 2,92 промили алкохол во крвта и предизвикал сообраќајка во Тетово, приведен 66-годишник
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад