Во атарот на селото Ваташа, на нива во месноста Моклиште, вчера попладне се превртел трактор, при што тешко бил повреден 67-годишен жител на селото.Како што информира Министерство за внатрешни работи, настанот бил пријавен на 25 мај во 14:10 часот во ОВР Кавадарци.Според пријавеното, тракторот бил управуван од И.П.(67) од село Ваташа, а при превртувањето возачот се здобил со повреди.На местото интервенирале екипи на Територијална противпожарна единица Кавадарци и Итна медицинска помош Кавадарци, по што повредениот бил пренесен во Општа болница Кавадарци, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.За случајот бил известен јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци.
Сподели го овој напис
