Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: И четвртиот загинат е 20-годишно момче: камионот пробил банкини, удрил во автомобилот по што се запалиле двете возила
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
Исчезнат овчар од Форино пронајден мртов кај Врапчиште
МВР
Кривична пријава за професор во Демир Хисар поради фалсификуван потпис
МВР
Пет возачи уапсени за безобѕирно возење, меѓу нив и двајца малолетници
МВР
Зрно од куршум погодило дете во грб во Драчево
МВР
Пронајдени 100 кесички марихуана во затворот Идризово
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
МВР

И четвртиот загинат е 20-годишно момче: камионот пробил банкини, удрил во автомобилот по што се запалиле двете возила

Претрес.мк
Последни промени 22/05/2026
Претрес.мк
Сподели

Завршена е идентификацијата и на последното загинато лице во стравичната сообраќајна несреќа што ноќеска се случи на скопската обиколница кај клучката Мирковци. Станува збор за 20-годишниот М.Ѓ. од Скопје. Тој е другар на Адам Велков, кој загина во истата несреќа, со неговиот татко Ристе Велков.Според досегашните информации, 76-годишниот возач Б.Б. од Косово, управувајќи камион „МАН“ со полуприколка со косовски регистарски ознаки, изгубил контрола на возилото на обиколницата меѓу надвозникот Визбегово и клучката Мирковци.Камионот ја пробил металната ограда и преминал во спротивната насока, по што директно се судрил со автомобилот „БМВ“ во кој биле четворицата. Од силината на ударот двете возила се запалиле.Според очевидци и информациите од терен, камионот пробил две банкини, откорнал и улично осветлување, а потоа завршил во провалија. Иако кабината на камионот целосно изгорела, возачот успеал да излезе и да се спаси.„Од сударот настанал пожар во двете возила од кој патничкото возило и кабината на влекачот целосно изгореле“, соопшти МВР.На местото на несреќата смрт констатирала екипа на Итна медицинска помош, а телата на загинатите се дадени на обдукција по наредба на јавен обвинител.Возачот на камионот е лишен од слобода и се наоѓа во полициска станица. По целосното документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.Истрагата треба да утврди како дошло до губење на контролата врз камионот и причините за трагедијата која однесе четири животи.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

Исчезнат овчар од Форино пронајден мртов кај Врапчиште
Кривична пријава за професор во Демир Хисар поради фалсификуван потпис
Пет возачи уапсени за безобѕирно возење, меѓу нив и двајца малолетници
Зрно од куршум погодило дете во грб во Драчево
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад