Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: (Видео) Четири лица загинаа во хорор-судир на скопската обиколница, камион пробил ограда и се запалил
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
Човечки леш пронајден во канал во близина на здравствена установа во Бардовци
МВР
Му побарале 300.000 денари за да ѝ ги покажат на сопругата на еден од измамниците, а како гаранција му оставиле чанта со наводни 10.000 евра – која била празна
МВР
60-годишник повреден на работното место, пренесен во „Св. Наум Охридски“
МВР
31-годишен маж украл детски четрицикл
МВР
Маж ја нападнал сопругата, па пробал да избега од полиција
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
МВР

(Видео) Четири лица загинаа во хорор-судир на скопската обиколница, камион пробил ограда и се запалил

Претрес.мк
Последни промени 22/05/2026
Претрес.мк
Сподели

Четири лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа што синоќа се случила на обиколницата на Град Скопје, помеѓу надвозникот Визбегово и клучката Мирковци, откако камион со косовски таблички преминал во спротивната насока и директно се судрил со автомобил „БМВ“.Од Министерството за внатрешни работи за „Скопје1“ велат дека несреќата била пријавена на 21 мај 2026 година околу 23 часот.„Б.Б.(76) од Косово, управувајќи товарно возило – влекач „ман“ со полуприколка со косовски национални ознаки, изгубил контрола над возилото и со него преминал преку металната ограда во спротивната насока на автопатот при што се судрил со патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.В.(51) од Скопје“, велат од МВР за „Скопје1“.По судирот избувнал пожар во двете возила.„Од сударот настанал пожар во двете возила од кој патничкото возило и кабината на влекачот целосно изгореле. Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје“, додаваат од полицијата.На местото на несреќата починале возачот на автомобилот Р.В.(51), како и сопатниците А.В.(20) и П.М.(20) од Скопје. Загинало и уште едно лице чиј идентитет засега не е утврден.„Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телата на починатите се дадени на обдукција“, информираат од МВР.Возачот на камионот е лишен од слобода.„По наредба на јавен обвинител возачот Б.Б. е лишен од слобода и задржан во полициска станица. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава“, велат од МВР.Поради увидот, сообраќајот на обиколницата бил пренасочуван од 23:10 до 05:00 часот, по што бил нормализиран.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

Човечки леш пронајден во канал во близина на здравствена установа во Бардовци
Му побарале 300.000 денари за да ѝ ги покажат на сопругата на еден од измамниците, а како гаранција му оставиле чанта со наводни 10.000 евра – која била празна
60-годишник повреден на работното место, пренесен во „Св. Наум Охридски“
31-годишен маж украл детски четрицикл
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад