Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Одземени повеќе мотоцикли во Тетово и Гостивар, возачите биле без дозвола и под дејство на алкохол
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
Одземени повеќе мотоцикли во Тетово и Гостивар, возачите биле без дозвола и под дејство на алкохол
МВР
Приведени две лица по обид за напад со нож
МВР
Мечка усмрти 10 овци во тетовско Камењане
МВР
За два дена изречени 1.026 казни, приведени 34 возачи за безобѕирно возење
МВР
Кражба на гробиштата Бутел: Одземена бронзена биста од парцела
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
МВР

Одземени повеќе мотоцикли во Тетово и Гостивар, возачите биле без дозвола и под дејство на алкохол

Претрес.мк
Последни промени 18/05/2026
Претрес.мк
Сподели

Во рамки на засилените сообраќајни контроли на подрачјето на Тетово и Гостивар, полицијата привела повеќе лица кои управувале мотоцикли без возачка дозвола, а возилата им биле одземени согласно член 297-а од Кривичниот законик за „безобѕирно управување со возило“.Од СВР Тетово информираат дека во текот на 17 мај биле запрени неколку мотоциклисти без дозвола на различни локации во Тетово и Гостивар. Меѓу нив имало и малолетници.Во Тетово, на улицата „Илинденска“, бил запрен 18-годишниот В.А. од селото Камењане, кој управувал мотоцикл со тетовски регистарски ознаки без возачка дозвола.Во Гостивар, на улицата „Браќа Ѓиноски“, полицијата запрела 16-годишен малолетник од Гостивар, додека на улицата „Илинденска“ бил затекнат и 14-годишен малолетник од селото Вруток, кој исто така управувал мотоцикл без дозвола.Дополнително, на улицата „Беличица“ во Гостивар бил запрен 36-годишниот З.П. од Гостивар, а на регионалниот пат Желино–Сиричино бил затекнат и 17-годишен малолетник од Тетово.Полицијата во Тетово го запрела и 25-годишниот К.А. од Тетово, кој управувал мотоцикл без возачка дозвола, додека во Гостивар бил затекнат и 29-годишниот М.Ш. од Гостивар.Од СВР Тетово велат дека сите мотоцикли биле одземени, а по целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.Во одделен случај, рано утринава на улицата „Маршал Тито“ во Тетово, полицијата го привела 43-годишниот Е.И. од Тетово, кој управувал автомобил „ауди“ со 1,58 промили алкохол во крвта, иако му била изречена забрана за управување со возила од Б-категорија.Тој бил задржан во полициска станица, а возилото му било привремено одземено. Против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.Неколку часа подоцна, на истата улица, бил приведен и 33-годишниот Н.И. од Тетово, кој управувал автомобил „сеат леон“ без возачка дозвола и со помината регистрација. И во овој случај возилото било одземено, а по документирањето ќе следуваат соодветни пријави.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

Одземени повеќе мотоцикли во Тетово и Гостивар, возачите биле без дозвола и под дејство на алкохол
Приведени две лица по обид за напад со нож
Мечка усмрти 10 овци во тетовско Камењане
За два дена изречени 1.026 казни, приведени 34 возачи за безобѕирно возење
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад