Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Барале 8.000 евра за да влијаат врз судии во Гостивар: истрага против претседател и судски администратор за примање мито
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
Барале 8.000 евра за да влијаат врз судии во Гостивар: истрага против претседател и судски администратор за примање мито
 Предмети
Приведени возачи низ државата: Алкохол, без дозвола и возење во забранета насока
МВР
Охриѓанец приведен, пронајдена дрога и дигитална вага
МВР
Петгодишно дете итно префрлено на Клиники по пад од балкон во Гостивар
МВР
Охриѓанец приведен за кражба на телефон, напад на полицајци и дрога
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
 Предмети

Барале 8.000 евра за да влијаат врз судии во Гостивар: истрага против претседател и судски администратор за примање мито

Претрес.мк
Последни промени 14/05/2026
Претрес.мк
Сподели

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција отвори истрага против две лица осомничени дека како соизвршители сториле кривично дело „Примање награда за противзаконито влијание“.Според ОЈО ГОКК, осомничените во периодот од јануари 2023 до 2025 година, користејќи ја својата службена положба и влијание како претседател и судски администратор, барале и примиле парични средства за да интервенираат кај судии во Основниот и Апелациониот суд во Гостивар.„Осомничените барале и примиле парична награда во износ од 8.000 евра, а второосомничениот и износ од 800 евра, со цел да интервенираат кај судија на Основниот суд Гостивар и совет на судии во Апелациониот суд Гостивар за извршување службено дејствие што не би смеело да се изврши“, соопшти обвинителството.Според истрагата, на почетокот на 2023 година тие му ветиле помош на лице кое било странка во граѓански спор. За сума од 5.000 евра требало да обезбедат судија во Основниот суд Гостивар да донесе решение за повторување на постапка во која веќе имало одбивателна пресуда.Откако не успеале, според обвинителството, побарале дополнителни 3.000 евра за да интервенираат кај судии во втор степен за укинување на решението со кое не било дозволено повторување на постапката.Дополнително, второосомничениот добил уште 800 евра за да „заврши работа“ поврзана со писмен документ од извршител.Обвинителот до судија на претходна постапка доставил предлог за определување мерки на претпазливост за двајцата осомничени, меѓу кои забрана за напуштање на живеалиштето, обврска за повремено јавување кај надлежен орган, одземање патни исправи и забрана за вршење работни активности поврзани со кривичното дело.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

Барале 8.000 евра за да влијаат врз судии во Гостивар: истрага против претседател и судски администратор за примање мито
Приведени возачи низ државата: Алкохол, без дозвола и возење во забранета насока
Охриѓанец приведен, пронајдена дрога и дигитална вага
Петгодишно дете итно префрлено на Клиники по пад од балкон во Гостивар
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад