Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Љупчо Николовски по распитот: Монтиран случај за да се покрие криминалот
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
Љупчо Николовски по распитот: Монтиран случај за да се покрие криминалот
МВР
Пратеникот Љупчо Николовски бил на распит во полиција по барање на обвинител, го распрашувале за економски криминал
МВР
Запленета дрога при претрес во Охрид
МВР
65 годишен штипјанец, управител на образовен центар, допирал по тело малолетнички
МВР
Прободеното дете од Ченто и натаму во критична состојба, причината за насилството се пораки со роднина на насилникот
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
МВР

Љупчо Николовски по распитот: Монтиран случај за да се покрие криминалот

Претрес.мк
Последни промени 13/05/2026
Претрес.мк
Сподели

Пратеникот на СДСМ и поранешен министер за земјоделство, Љупчо Николовски, реагираше откако МВР потврди за „Скопје1“ дека против него се води предмет и дека бил повикан на информативен разговор во полициска станица.Николовски тврди дека станува збор за „монтиран случај“, со кој, според него, актуелната власт се обидува да го дефокусира вниманието од проблемите во земјоделството и од актуелни скандали.„Еден монтиран случај. Толку им требаше на актуелното раководство за да се обиде да ја покрие сопствената неспособност и криминал и тоа напаѓајќи ја најуспешната реформа во земјоделството“, напиша Николовски.Тој оценува дека случајот се отвора во период кога, како што наведува, има големо незадоволство кај земјоделците поради доцнење на субвенциите, ниски откупни цени и поништени повици за рурален развој.„Кога владата не може да се справи со вистинските проблеми, се вклучува пропагандната машинерија за дефокус“, додава Николовски.Во својата реакција, поранешниот министер се повикува на реформите што биле спроведени во неговиот мандат, посочувајќи дека биле отворени над 270 нови семејни винарии, легализирани над 4.000 мали производители на храна и создадени околу 1.000 нови етикети македонско вино.„Тоа е реформата за која ме напаѓаат“, наведува тој.Николовски тврди и дека предметот не се однесува на прекршување на Законот за јавни набавки, ниту пак произлегува од пријава од земјоделци.„Не станува збор за прекршување на Законот за јавни набавки, ниту за пријава од земјоделци. Станува збор за монтиран случај кој треба да го оттргне вниманието од вистинските прашања“, пишува Николовски.Тој во објавата ги споменува и актуелните случаи поврзани со институции од секторот земјоделство, меѓу кои и, како што наведува, „уапсен директор на Платежната агенција“, „ИПАРД скандал“ и „уапсен директор на Земјоделскиот инспекторат“.Претходно, од МВР за „Скопје1“ потврдија дека Николовски бил повикан на разговор кај инспектор од Единицата за економски криминал и корупција.„Во тек се активности, по што, соодветно ќе ја информираме јавноста“, соопшти полицијата.Од МВР не открија детали за предметот, додека според неофицијални информации објавени во дел од медиумите, постапката се однесува на наводен тендер вреден околу 800.000 евра.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

Љупчо Николовски по распитот: Монтиран случај за да се покрие криминалот
Пратеникот Љупчо Николовски бил на распит во полиција по барање на обвинител, го распрашувале за економски криминал
Запленета дрога при претрес во Охрид
65 годишен штипјанец, управител на образовен центар, допирал по тело малолетнички
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад