Прва година средно е малолетникот кој прободе ученик од деветто одделение во ООУ „25 Мај“ во Ченто, дознава „Скопје1“. Според информациите, причина за нападот биле пораки кои деветтоодделенецот ги разменувал со роднина на средношколецот. Содржината на пораките засега не е позната.Од Кабинетот на градоначалникот Бобан Стевковски за „Скопје1“ велат дека повреденото момче е во стабилна состојба, но и натаму критична состојба.Според информациите, средношколецот, кој е поранешен ученик во истото училиште, дошол до влезот и побарал да влезе со образложение дека ќе ја земе неговата помала сестра од училиште. Набрзо потоа, во тоалетите на училиштето дошло до прободувањето.Првиот знак дека се случува инцидент биле пискотниците кои се слушнале по нападот. Веднаш била повикана полиција, а повредениот ученик бил пренесен во болница.Лекарите констатирале повреда во пределот на црниот дроб, по што детето било оперирано. Неговата состојба и понатаму внимателно се следи.Средношколецот, како и неговиот татко, биле приведени во полициска станица. Од МВР претходно соопштија дека се води постапка во координација со обвинител од скопското Обвинителство.
Сподели го овој напис
