Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Свеченост во МВР по повод 7 Мај – Денот на македонската полиција
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
Свеченост во МВР по повод 7 Мај – Денот на македонската полиција
МВР
(ВО ЖИВО) Ме соблекуваа гол пред келија за претрес, имаа наредби од Оливер Спасовски
Претрес
(ВО ЖИВО) Амнестија не барам зошто сум невин, нема тероризам, признав само насилство зошто го удрив Заев
Претрес
(Во живо) Јане Ченто: Ниско е да се докажувам со Вилма Русковска кој е поголем патриот, таа треба прва да одговара за неделата
Претрес
(🔴ВО ЖИВО) Ексклузивно, „Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
Претрес
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
МВР

Свеченост во МВР по повод 7 Мај – Денот на македонската полиција

Претрес.мк
Последни промени 07/05/2026
Претрес.мк
Сподели

Македонија денеска го одбележува 7 Мај – Денот на македонската полиција, празник посветен на полициските службеници и безбедносните структури во државата.По тој повод, во кругот на Министерството за внатрешни работи во Скопје ќе се одржи централна свеченост, на која обраќања ќе имаат министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев.На настанот е најавено присуство на министри, претставници на институции и членови на дипломатскиот кор во земјава.Одбележувањето на Денот на македонската полиција продолжува и попладнево, кога од 17:30 часот на паркингот пред Градското собрание ќе биде организирана презентација на опрема и возила од различни полициски единици. Граѓаните ќе имаат можност одблиску да се запознаат со работата на полицијата и да се дружат со полициските службеници.Во 18:00 часот, на „Школка“ во Градскиот парк ќе се одржи музичко-забавен настан со настап на познати музички имиња.Датумот 7 Мај официјално е востановен како Ден на македонската полиција со одлука на Владата од 20 април 1993 година, кога го заменил дотогашниот датум 13 Мај.Изборот на датумот е поврзан со Смилевскиот конгрес од 1903 година, кој се смета за почеток на организираниот безбедносен систем во Македонија. Конгресот се одржал од 2 до 7 мај во демирхисарското село Смилево, родното место на Даме Груев, каде била воспоставена организација за заштита и безбедност во пресрет на Илинденското востание.Во тој период, вооружени жители на Смилево ја обезбедувале околината, додека низ соседните села функционирала мрежа на стражари и известувачи, позната како „жив телеграф“, за навремено предупредување од опасности.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

Свеченост во МВР по повод 7 Мај – Денот на македонската полиција
(ВО ЖИВО) Ме соблекуваа гол пред келија за претрес, имаа наредби од Оливер Спасовски
(ВО ЖИВО) Амнестија не барам зошто сум невин, нема тероризам, признав само насилство зошто го удрив Заев
(Во живо) Јане Ченто: Ниско е да се докажувам со Вилма Русковска кој е поголем патриот, таа треба прва да одговара за неделата
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад