Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Освен филерите, имало и препарати за славеење: постапка против три лица за криумчарење – меѓу нив и сопственичка на салон
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
(Видео) Сузбиена криминална група поврзана со тероризам и недозволена трговија со оружје во Скопје: Пронајдени автоматски пушки, муниција и официјално знаме на ИСИС
МВР
43-годишен маж пронајден починат во автосервис во Битола
МВР
Физички нападнал 21-годишник и му се заканувал со огнено оружје, приведен 62-годишник
МВР
Возел со 2,92 промили алкохол во крвта и предизвикал сообраќајка во Тетово, приведен 66-годишник
МВР
Десет лица упасени, кај нив пронајдена дрога
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
 Предмети

Освен филерите, имало и препарати за славеење: постапка против три лица за криумчарење – меѓу нив и сопственичка на салон

Претрес.мк
Последни промени 06/05/2026
Претрес.мк
Сподели

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против три лица, осомничени за криумчарење и незаконски промет на медицински препарати штетни по здравјето на граѓаните, додека за едно од лицата се бараат мерки на претпазливост.Според обвинителството, две лица се гонат за кривични дела Криумчарење и Вршење јавен превоз без лиценца, додека трето лице – сопственичка на салон за убавина, се сомничи за Прикривање на стоки предмет на криумчарење и царинска измама, како и за Производство и пуштање во промет штетни средства за лекување.Јавниот обвинител до Кривичниот суд предложил мерки на претпазливост за осомничената – обврска за редовно јавување, одземање патна исправа и забрана за контакт со останатите осомничени, со цел обезбедување на постапката.Случајот произлегува од акција на терен при која на граничниот премин Табановце биле откриени 535 вијали со средство за слабеење и 7.400 етикети со ознаки TIRZ 2.5 мг и TIRZ 5 мг, сокриени во пратка со постелнина.По контролата, возилото било ставено под надзор и следено до локацијата каде што требало да се изврши примопредавањето. Во моментот на исплатата, осомничената била лишена од слобода, а по налог на обвинител извршен е претрес во нејзиниот салон.При претресот биле пронајдени дополнителни количини дермални филери, препарати за нивно разградување, производи за редуцирање маснотии, контурирање на лице, отстранување брчки и други средства за подмладување.За овие производи не постоела документација за нивната безбедност, исправност и законит увоз, а според сомненијата, биле рекламирани и користени врз клиенти.Против осомничените е поднесена кривична пријава, а истрагата продолжува со обезбедување докази за целосно расчистување на случајот.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

(Видео) Сузбиена криминална група поврзана со тероризам и недозволена трговија со оружје во Скопје: Пронајдени автоматски пушки, муниција и официјално знаме на ИСИС
43-годишен маж пронајден починат во автосервис во Битола
Физички нападнал 21-годишник и му се заканувал со огнено оружје, приведен 62-годишник
Возел со 2,92 промили алкохол во крвта и предизвикал сообраќајка во Тетово, приведен 66-годишник
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад