Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: (Видео) Апсење за криумчарење филери: сопственичка на салон користела непроверени препарати врз клиенти
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
Во Скопје уапсен српски државјанин осомничен дека подготвувал убиство за криминална група
МВР
Кривична за едно лице: извршил ископ на патниот правец Тетово–Попова Шапка и предизвикал уривање на дел од земјиштето
МВР
Три лица приведени за семејно насилство, пет случаи пријавени за едно деноноќие
МВР
Влегла во куќа на жена од Пробиштип, физички ја нападнала и ѝ нанела тешка телесна повреда, уапсена 37 годишна жена
МВР
Малолетник нападнат во трговски центар во Центар од газда на угостителски објект, откако претходно фрлал предмети кон угостителскиот објект
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
МВР

(Видео) Апсење за криумчарење филери: сопственичка на салон користела непроверени препарати врз клиенти

Претрес.мк
Последни промени 06/05/2026
Претрес.мк
Сподели

Три лица, меѓу кои и сопственичка на салон за убавина, се лишени од слобода во акција поврзана со криумчарење и употреба на медицински препарати штетни по здравјето на граѓаните.„Секторот за контрола и истраги лиши од слобода три лица, меѓу кои и сопственичка на салон за убавина, осомничени за криумчарење на медицински препарати штетни по здравјето на граѓаните. Извршен е и претрес во салон за убавина, каде се пронајдени криумчарени непроверени дермални филери и други медицински производи кои се користат за убавина, но и за редуцирање маснотии, кои сопственичката на салонот ги користела врз клиенти“, соопштија од Царинската управа.Криминалната шема била разоткриена на влез во државата на граничниот премин Табановце, каде при детална контрола на комбе биле пронајдени 535 вијали со средство за слабеење и 7.400 етикети со натпис TIRZ 2.5 мг и TIRZ 5 мг, скриени во чаршави за постелнина.„Возилото, под постојан надзор на мобилен царински тим, го продолжило патот до местото каде што било договорено преземање на пратката од страна на сопственичката на салонот. Во моментот на исплатата, инспектори од Одделението за истраги ја лишија од слобода“, информираат од Царинската управа.По налог на јавен обвинител, извршен е претрес во салонот, при што биле пронајдени дополнителни криумчарени медицински препарати – дермални филери, средства за нивно разградување, производи за редуцирање маснотии, контурирање на лице, отстранување брчки и подмладување.„За пронајдените производи не била обезбедена документација за нивната безбедност, исправност и законит увоз, а според сомненијата, истите ги рекламирала и ги употребувала врз клиенти“, додаваат од Царинската управа.Против осомничените е поднесена кривична пријава до надлежното јавно обвинителство за криумчарење и производство и пуштање во промет штетни средства за лекување.Од Царинската управа најавуваат дека ќе продолжат со засилените контроли, со цел заштита на здравјето на граѓаните и санкционирање на сите незаконски активности.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

Во Скопје уапсен српски државјанин осомничен дека подготвувал убиство за криминална група
Кривична за едно лице: извршил ископ на патниот правец Тетово–Попова Шапка и предизвикал уривање на дел од земјиштето
Три лица приведени за семејно насилство, пет случаи пријавени за едно деноноќие
Влегла во куќа на жена од Пробиштип, физички ја нападнала и ѝ нанела тешка телесна повреда, уапсена 37 годишна жена
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад