Во населбата „Бањешница“ во Гостивар, на 04.05.2026 година во 21:10 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар го привеле 35-годишниот Ѓ.Ш. од Гостивар.Постапувајќи по претходна поплака за агресивно однесување кон неговата мајка, полициските службеници излегле на терен, при што лицето, според информациите, се однесувало агресивно и кон нив и упатувало навреди.Лицето било задржано во полициска станица, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Сподели го овој напис
