Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Малолетници нападнати во Центар и Аеродром, инциденти во обложувалница, тепачка во парк
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
Возач приведен откако удри 13-годишен велосипедист во Скопје
МВР
Барале 8.000 евра за да влијаат врз судии во Гостивар: истрага против претседател и судски администратор за примање мито
 Предмети
Приведени возачи низ државата: Алкохол, без дозвола и возење во забранета насока
МВР
Охриѓанец приведен, пронајдена дрога и дигитална вага
МВР
Петгодишно дете итно префрлено на Клиники по пад од балкон во Гостивар
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
МВР

Малолетници нападнати во Центар и Аеродром, инциденти во обложувалница, тепачка во парк

Претрес.мк
Последни промени 27/04/2026
Претрес.мк
Сподели

Неколку одвоени случаи на физичко насилство се пријавени во Скопје во текот на изминатите два дена, меѓу кои и напади врз малолетници, тепачка во обложувалница и закани со огнено оружје.Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 26 април во 12:00 часот, 47-годишен скопјанец пријавил дека неговиот малолетен син бил физички нападнат ден претходно во парк на подрачјето на Центар.„На 26.04.2026 во 12:00 часот во СВР Скопје, Г.Х.(47) од Скопје пријави дека на 25.04.2026 во парк на подрачјето на Центар, неговиот малолетен син бил физички нападнат од две лица“, соопштија од МВР.Истиот ден, во 13:40 часот, бил пријавен инцидент во спортска обложувалница.„На 26.04.2026 во 13:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека во спортска обложувалница на подрачјето на Центар бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Д.С.(62) и Н.Ц.(63), двајцата од Скопје“, информираат од МВР.Во друг случај, 29-годишен скопјанец пријавил напад кој се случил неколку дена претходно.„На 25.04.2026 во 22:30 часот во СВР Скопје, Б.Т.(29) од Скопје пријави дека на 20.04.2026 околу 19:00 часот пред угостителски објект на подрачјето на Гази Баба бил физички нападнат од Е.Ќ., А.А. и Н.С., при што Н.С. му се заканил и со огнено оружје“, велат од МВР.Особено загрижувачки е случајот во кој е нападнато 13-годишно дете.„На 26.04.2026 во 13:00 часот во СВР Скопје, В.Н.(54) од Скопје пријави дека неговиот 13-годишен син, додека бил со петмина свои другари, на 25.04.2026 околу 21:00 часот на подрачјето на општина Аеродром бил физички нападнат од поголема група малолетници, при што бил употребен и тврд предмет, а еден од напаѓачите настанот го снимал со мобилен телефон“, информираат од МВР.Дополнително, како што наведуваат од полицијата, при истиот настан имало и обид за напад врз друго дете, при што бил изваден нож.„Исто така, другар на нападнатиот малолетник, пријавил дека напаѓачите се обиделе и него да го нападнат, при што еден од нив извадил и нож“, соопштија од МВР.Од полицијата велат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на сите случаи, по што ќе следуваат соодветни поднесоци.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

Возач приведен откако удри 13-годишен велосипедист во Скопје
Барале 8.000 евра за да влијаат врз судии во Гостивар: истрага против претседател и судски администратор за примање мито
Приведени возачи низ државата: Алкохол, без дозвола и возење во забранета насока
Охриѓанец приведен, пронајдена дрога и дигитална вага
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад