Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: МВР со детали за кривичната против Мети Сејдини
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
Барал пари од дедо му, откако не ги добил го претепал – кривична за 20-годишен кочанец
МВР
Со месеци праќала пари за „болно дете“ – прилепчанка измамена преку социјални мрежи за 700.000 денари
МВР
Тешко повредено дете во сообраќајка на автопатот Тетово–Скопје
МВР
Маж со остар предмет ја нападнал сопругата во Гостивар
МВР
Автомобил удри во 76-годишна жена во Велес, со тешки повреди е пренесена во болница
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
МВР

МВР со детали за кривичната против Мети Сејдини

Претрес.мк
Последни промени 23/04/2026
Претрес.мк
Сподели

Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против М.С., поранешен претседател на Фудбалската федерација на Македонија, поради основано сомнение за сторено кривично дело „проневера во службата“.Како што информираат од МВР, пријавата е поднесена од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во координација со Одделот за криминалистичка полиција до Основното јавно обвинителство Скопје.Според наводите, во периодот од ноември до декември 2024 година, осомничениот како службено лице прибавил противправна имотна корист од околу 660.000 евра за правно лице од Скопје.Случајот е поврзан со средства добиени од УЕФА, наменети за ревитализација на спортска инфраструктура во рамки на програмата „ХетТрик VI“. Се работи за проект за изградба на трибина на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид, за кој била избрана понуда во вредност од околу 3,3 милиони евра без ДДВ.Иако таква можност не била предвидена ниту побарана од изведувачот, ниту пак била дел од одлуката на Управниот одбор, осомничениот вметнал дополнителен услов во договорот – авансна исплата од 20 проценти од вредноста на договорот, пред започнување на работите и без обезбедување.На 17 декември 2024 година, со негов налог, средствата во износ од околу 660.000 евра биле исплатени авансно на избраната фирма.Од МВР наведуваат дека со ваквото постапување осомничениот ги префрлил средствата што му биле доверени во службата, спротивно на утврдените процедури и одлуки.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

Барал пари од дедо му, откако не ги добил го претепал – кривична за 20-годишен кочанец
Со месеци праќала пари за „болно дете“ – прилепчанка измамена преку социјални мрежи за 700.000 денари
Тешко повредено дете во сообраќајка на автопатот Тетово–Скопје
Маж со остар предмет ја нападнал сопругата во Гостивар
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад