Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Кривична против управителка од Крива Паланка: исплатувала 1.000 денари К-15 и објавила матичен број
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
Возел мотор со 1,93 промили алкохол и забрана за возење – приведен 32-годишник од Ресен
МВР
11 лица приведени во акции против дрога, таблети пронајдени и во Идризово
МВР
Запалил сува трева, па предизвикал пожар во велешко – приведен 61-годишник
МВР
Управител прикажувал непостоечки расходи, избегнал да плати над 2,3 милиони денари данок
МВР
Нов бран семејно насилство: Четири апсења и седум пријавени случаи за едно деноноќие
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
МВР

Кривична против управителка од Крива Паланка: исплатувала 1.000 денари К-15 и објавила матичен број

Претрес.мк
Последни промени 21/04/2026
Претрес.мк
Сподели

К-15 од само 1.000 денари, договори што не постојат на хартија и матичен број објавен на огласна табла – ваква е содржината на кривичната пријава што ја поднесе МВР против управителка и фирма од Крива Паланка.Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против В.П. (45) и правно лице од истиот град поради сомнение за „повреда на права од работен однос“ и „злоупотреба на лични податоци“.Според полицијата, пријавената како управител на фирмата на еден работник му исплатила регрес за годишен одмор во намален износ од 1.000 денари. Дополнително, во повеќе наврати не биле изготвувани договори или анекси за вработување и престанок на работен однос во писмена форма, иако работникот во периодот од јули 2018 до октомври 2019 година имал повеќе прекини на работниот однос.Воедно, не била водена уредна писмена евиденција за работното време, што, според МВР, претставува директно прекршување на Законот за работни односи и Општиот колективен договор за приватниот сектор.Покрај тоа, пријавената без согласност на работникот ги користела неговите лични податоци и не обезбедила соодветна заштита. Во еден документ истакнат на огласна табла во просториите на фирмата бил објавен матичниот број на вработениот, спротивно на законските одредби за заштита на личните податоци.Со ваквото постапување, како што наведува полицијата, биле повредени и ограничени правата на работникот, по што ќе следува понатамошна постапка пред надлежните органи.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

Возел мотор со 1,93 промили алкохол и забрана за возење – приведен 32-годишник од Ресен
11 лица приведени во акции против дрога, таблети пронајдени и во Идризово
Запалил сува трева, па предизвикал пожар во велешко – приведен 61-годишник
Управител прикажувал непостоечки расходи, избегнал да плати над 2,3 милиони денари данок
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад