Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Улиците преплавени со радари: МВР ја започна акцијата за маратонско ловење на брзи возачи
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
Преку социјални мрежи ѝ се заканувал на поранешната сопруга по нејзиниот и животот на семејството, а потоа ја следел и снимал на семејна прослава
МВР
Дрога, пари и дигитална вага запленети во Штип: Три уапсени
МВР
Пожар во плевна во Теарце: Изгоре земјоделска опрема
МВР
18-годишник украл накит од 70-годишна жена во Скопје
МВР
Пожар избувнал во автомобил на паркинг во Тетово
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
МВР

Улиците преплавени со радари: МВР ја започна акцијата за маратонско ловење на брзи возачи

Претрес.мк
Последни промени 15/04/2026
Претрес.мк
Сподели

Од 13 до 19 април низ државата ќе се спроведуваат засилени радарски контроли на брзината, како дел од европската акциска операција на Мрежата на сообраќајни полиции – РОАДПОЛ. Министерството за внатрешни работи најави и 24-часовен „радарски маратон“ кој ќе започне вечерва на полноќ.Како што информираат од МВР, македонската сообраќајна полиција се приклучува на европската акција насочена кон контрола на брзото возење, при што ќе има засилени активности на терен во текот на целата недела.„Од 13 до 19 април стартува европската акциска контрола на брзина на патиштата. Македонската сообраќајна полиција како членка на Европската мрежа на сообраќајни полиции – РОАДПОЛ се приклучува на акциската контрола со зголемени контроли за возење над дозволената брзина“, соопштија од Министерството.Посебен акцент ќе биде 24-часовниот „маратон на брзина“, кој ќе се реализира од среда (15 април) во 00:00 часот до четврток (16 април) во 00:00 часот, со непрекинати контроли на целата територија на државата.Од МВР посочуваат дека дел од локациите на контролите се однапред познати за возачите, со цел да се зајакне превентивниот ефект.„Целта не е казнување, туку безбеден сообраќај. Целта е движење во рамки на пропишаните брзини, сообраќај кој спасува животи“, велат од Министерството.РОАДПОЛ маратонот претставува заедничка акција на европските сообраќајни полиции која истовремено се спроведува на сите патишта низ Европа.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

Преку социјални мрежи ѝ се заканувал на поранешната сопруга по нејзиниот и животот на семејството, а потоа ја следел и снимал на семејна прослава
Дрога, пари и дигитална вага запленети во Штип: Три уапсени
Пожар во плевна во Теарце: Изгоре земјоделска опрема
18-годишник украл накит од 70-годишна жена во Скопје
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад