Инцидент меѓу малолетници во Гостивар ескалирал во сериозен случај откако едно од децата било насилно внесено во возило и му биле упатени закани, соопшти Министерството за внатрешни работи.„На 09.04.2026 во 13:45 часот во Полициската станица Гостивар, С.Д.(33) од Гостивар пријавила дека на 08.04.2026 околу 21:40 часот на спортско игралиште во Гостивар, по претходна вербална расправија, настанала физичка пресметка помеѓу нејзиниот малолетен син и малолетниот син на Л.И.“, соопшти МВР.По инцидентот, ситуацијата дополнително се влошила.„По што тој со патничко возило „порше“ го следел нејзиниот син и со употреба на сила го внел во возилото, упатувајќи му закани“, соопшти МВР.Според пријавата, малолетникот бил однесен до неговиот дом, каде конфликтот продолжил.„Како што е пријавено, по кратко време го однел до неговиот дом каде продолжиле вербалните навреди помеѓу родителите“, соопшти МВР.Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
Сподели го овој напис
