Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Полицаец пукал од службен пиштол кон соседната куќа, па заедно со колегата прикривале докази
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
Дронови ќе надлетуваат кај Музејот на современата уметност за 23 Октомври
МВР
Повозрасен маж допирал малолетно девојче во автобус во Скопје
МВР
Неовластено набавиле и продавале над 1,3 тони тутун, избегнале акциза од над 3,4 милиони денари
МВР
Седум возачи уапсени: возеле без возачка дозвола, меѓу нив и малолетници
МВР
Примиле повик за повредено лице, но не испратиле медицинска екипа – кривична за двајца вработени во Итната медицинска помош во Тетово
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
МВР

Полицаец пукал од службен пиштол кон соседната куќа, па заедно со колегата прикривале докази

Претрес.мк
Последни промени 08/04/2026
Претрес.мк
Сподели

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до надлежното Основно јавно обвинителство Прилеп поднесе кривична пријава против В.Ј. поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „предизвикување на општа опасност“ и „попречување на правдата“ и против А.Л. поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „помагање“ во врска со „предизвикување на општа опасност“ и „попречување на правдата“.На 08.12.2025 околу 23:40 часот В.Ј., на работно место приправник во Надворешната канцеларија за криминалистички работи во ОВР Прилеп, во дворот на семејната куќа испукал два пати од службен пиштол на МВР, задолжен од второпријавениот А.Л., на работно место полицаец во Полициската станица Прилеп, кој претходно му го дал на располагање.Притоа, проектилите завршиле во соба од соседната семејна куќа, а откако на местото пристигнале полициски службеници, првопријавениот со намера да го спречи и отежне докажувањето го земал едниот од испуканите проектили од соседната куќа и го преместил во дворот од својата семејна куќа.Прво и второпријавениот, со намера да го спречат и отежнат докажувањето, со пишани пораки преку телефон се договориле да го негираат настанот во целост.Одделот за внатрешна контрола против полициските службеници ќе поднесе предлог за поведување на постапка за кршење на работниот ред и дисциплина и ќе изрече задолжителни мерки за отстранување од работното место.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

Дронови ќе надлетуваат кај Музејот на современата уметност за 23 Октомври
Повозрасен маж допирал малолетно девојче во автобус во Скопје
Неовластено набавиле и продавале над 1,3 тони тутун, избегнале акциза од над 3,4 милиони денари
Седум возачи уапсени: возеле без возачка дозвола, меѓу нив и малолетници
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад