Обезбедувачот Лазар Захариев, кој е меѓу обвинетите во случајот „Пулс“, во „Претрес со Ландов“ тврди дека не може да се смета за виновен за трагедијата, посочувајќи на, како што вели, долгогодишни системски пропусти и отсуство на можност да реагира.„Значи некој премолчувал дванаесет години на уште што не слушнавме какви аномалии имало, ја да се чувствувам за тоа што имам спасено педесет луѓе, а и не сум имал можност за јас тоа да го спречам“, изјави Захариев.На прашањето на новинарот Кристијан Ландов за улогата на сопственикот на дискотеката, Дејан Јованов – Деко, Захариев рече:„Деко кога почна да гасне дискотеката го видов и после го видов, помагаше на некои луѓе и после го видев надвор како седеше на земјата од лева страна, не можеше да оди со свиена нога. Мислам дека имаше некоја повреда и се држеше за главата.“На директното прашање дали му е лут на сопственикот, тој одговори:„Не. Па да, он можда ја знаел за дали имало аномалии, или не имало. Тоа е тоа. Ако целиот систем дозволил да биде дотаму, некој на него му дозволил некој да има такви аномалии.“На прашањето дали сопственикот бил недопирлива фигура во Кочани, тој рече:„Не.“Говорејќи за чувството по трагедијата и обвиненијата, Захариев нагласи:„Не може да се ставам јас во ситуација да сум монструм што сум спасил повеќе од педесет луѓе, него затоа што сум ја последен во целиот ланец овај сега што се десил. Обезбедувањето е последната алка на системот во работење на некоја дискотека од дванаесет години. Значи некој премолчувал дванаесет години на уште што не слушнавме какви аномалии имало, ја се чувствувам за тоа што имам спасени педесет луѓе, а и не сум имал можност за тоа да го спречам. Во Кочани има луѓе и што го водат случајот, што се по допрен глас, можеле да спречат нешто. Не се спречиле. Јас како да го спречам? Со која моќ?“
Сподели го овој напис
