Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Серија тешки сообраќајки во Скопје и Битола: загина 18-годишен мотоциклист
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
35-годишен скопјанец починал откако бил донесен во бессознание на клиника
МВР
Група малолетници соблекле и снимале шест годишно дете во училишна соблекувална во Кочани
МВР
11 возачи лишени од слобода за „безобѕирно управување“, девет немале возачка дозвола
МВР
Опожарено возило „мазда“ во Драчево
МВР
14-годишник нападнат од соученик со остар предмет во училишен тоалет на Бит Пазар
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
МВР

Серија тешки сообраќајки во Скопје и Битола: загина 18-годишен мотоциклист

Претрес.мк
Последни промени 14/03/2026
Претрес.мк
Сподели

Во три одвоени сообраќајни несреќи што се случиле на 13 март во Скопје и Битола, едно лице загинало, а повеќе други се здобиле со тешки телесни повреди.На улицата „Адем Демачи“ во Скопје, околу 15:20 часот, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале мотоцикл „пијаџо беверли“, управуван од А.Љ. (18), патничко возило „фиат“ управувано од 20-годишната Д.Т. и патничко возило „пежо 307“ управувано од А.Б. (35), сите од Скопје. Во несреќата на местото на настанот починал 18-годишниот мотоциклист, а смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош. По насоки на јавен обвинител, телото било дадено на обдукција.Неколку часа подоцна, во 19:01 часот, во Битола на улицата „Крушевска Република“ патничко возило „голф“ со битолски регистарски ознаки, управувано од С.М. (61) од Битола, удрило во пешакот Н.И. (41) од Прилеп. Повредениот пешак бил пренесен во Клиничката болница во Битола, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.Истата вечер, во 21:12 часот, на крстосница составена од патот А3 се случила уште една сообраќајна несреќа помеѓу „шкода“ со прилепски регистарски ознаки, управувана од Ј.П. (33) од Битола, и „хјундаи“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Д.П. (22) од селото Кукуречани. Во несреќата Д.П. се здобила со тешки телесни повреди, додека Ј.П. поминал со телесни повреди.Во сите случаи бил извршен увид од полициски екипи и јавен обвинител таму каде што било потребно.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

35-годишен скопјанец починал откако бил донесен во бессознание на клиника
Група малолетници соблекле и снимале шест годишно дете во училишна соблекувална во Кочани
11 возачи лишени од слобода за „безобѕирно управување“, девет немале возачка дозвола
Опожарено возило „мазда“ во Драчево
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад