Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Полицијата интервенира по 11 пријави за семејно насилство – 4 приведени
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
Во Скопје уапсен српски државјанин осомничен дека подготвувал убиство за криминална група
МВР
Кривична за едно лице: извршил ископ на патниот правец Тетово–Попова Шапка и предизвикал уривање на дел од земјиштето
МВР
Три лица приведени за семејно насилство, пет случаи пријавени за едно деноноќие
МВР
Влегла во куќа на жена од Пробиштип, физички ја нападнала и ѝ нанела тешка телесна повреда, уапсена 37 годишна жена
МВР
Малолетник нападнат во трговски центар во Центар од газда на угостителски објект, откако претходно фрлал предмети кон угостителскиот објект
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
МВР

Полицијата интервенира по 11 пријави за семејно насилство – 4 приведени

Претрес.мк
Последни промени 12/03/2026
Претрес.мк
Сподели

На 12.03.2026 во 02:00 часот во Демир Капија, полициски службеници од ОВР Неготино лишиле од слобода 39-годишник од Демир Капија, постапувајќи по претходна пријава дека во домот му се заканувал на неговиот 57-годишен татко и кршел предмети. При преземање мерки било констатирано дека бил под дејство на алкохол, односно кај него биле измерени 1,95 промили алкохол во крвта.На 11.03.2026 во 17:30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода А.Д.(44) од Куманово, постапувајќи по претходна пријава дека подолг временски период ја малтретирал физички и психички неговата 46-годишна сопруга.На 11.03.2026 во 20:00 часот во ОВР Кавадарци бил извршен службен разговор со 38-годишен кавадарчанец, постапувајќи по претходна пријава дека преку социјална мрежа упатувал закани и навреди на неговата 34-годишна сопруга со која биле во бракоразводна постапка.На 11.03.2026 во 11:30 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Р.Џ.(43) од гостиварско село, постапувајќи по претходна пријава дека во домот физички ја нападнал неговата 44-годишна сестра.На 12.03.2026 во 04:30 часот во СВР Тетово, 31-годишник од тетовско пријавил дека во неговото возило, поради претходно недоразбирање, бил физички нападнат од неговата 35-годишна невенчана сопруга.На 11.03.2026 во 10:50 часот во ОВР Гостивар Р.Р.(75) од Гостивар пријавил дека пред семејниот дом, поради претходно недоразбирање, бил физички нападнат од неговиот роднина В.С. од Гостивар.На 11.03.2026 во 13:45 часот во ОВР Гостивар, Ј.Р.(65) од Гостивар пријавил дека во дворот од домот, поради претходно недоразбирање, неговиот роднина М.Р. физички го нападнал.На 11.03.2026 во 22:25 часот во Полициската станица Кисела Вода полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода А.Р.(29) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од неговата 27-годишна сопруга, дека на подрачјето на Чаир физички ја нападнал.На 11.03.2026 во 19:35 часот во Полициската станица Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје извршија службен разговор со Н.С.(47) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од неговата 47-годишна сопруга, со која биле разделени подолг временски период дека ја следел, вознемирувал и ја снимал со мобилен телефон.На 11.03.2026 во 18:00 часот во СВР Скопје, 29-годишна жена пријави дека околу 17:00 часот во семејниот дом на подрачјето на Бит Пазар, била физички нападната од нејзиниот сопруг Б.Р.(34).На 11.03.2026 во 22:00 часот во СВР Скопје, Ѓ.Р.(29) од Скопје пријави дека околу 18:00 часот во с.Љубанци, скопско, неговиот роднина Н.Р. му упатувал закани. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.Се преземаат мерки за расчистување на случаите и по нивно целосно документирање против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

Во Скопје уапсен српски државјанин осомничен дека подготвувал убиство за криминална група
Кривична за едно лице: извршил ископ на патниот правец Тетово–Попова Шапка и предизвикал уривање на дел од земјиштето
Три лица приведени за семејно насилство, пет случаи пријавени за едно деноноќие
Влегла во куќа на жена од Пробиштип, физички ја нападнала и ѝ нанела тешка телесна повреда, уапсена 37 годишна жена
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад