Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Полицијата приведе 11 возачи, меѓу нив и еден пијан кој предизвикал сообраќајка во Струга
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
Малолетник заврши во болница откако бил послужен со алкохол во локал во Кичево
МВР
Внимание ако денес возите низ Скопје: Овие улици ќе бидат затворени до 14 часот
МВР
60-годишен скопјанец пронајден починат на автобуска постојка во Драчево
МВР
70-годишен скопјанец пронајден починат, телото предадено на обдукција
МВР
Приведен 35-годишник, со трактор без регистарски ознаки превезувал бесправно исечени дрва
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
МВР

Полицијата приведе 11 возачи, меѓу нив и еден пијан кој предизвикал сообраќајка во Струга

Претрес.мк
Последни промени 09/03/2026
Претрес.мк
Сподели

Полициски службеници вчера на територијата на целата држава лишиле од слобода 11 возачи поради безобѕирно управување со возило, соопшти Министерството за внатрешни работи.Од нив, осум управувале возило без возачка дозвола, двајца возеле и покрај тоа што имале активна забрана за управување, додека еден бил затекнат како управува возило под дејство на алкохол.Најмногу возачи се лишени од слобода на подрачјето на СВР Охрид – пет лица. Од нив, тројца во Кичево биле фатени без возачка дозвола, а едно лице управувало возило и покрај активна забрана. Во Струга, пак, еден возач управувал автомобил „фолксваген голф“ под дејство на алкохол и предизвикал сообраќајна незгода со возило „фиат“.По двајца возачи се лишени од слобода на подрачјата на СВР Скопје и СВР Тетово, при што сите четворица управувале возило без возачка дозвола.На подрачјето на СВР Битола се лишени двајца возачи, од кои едниот управувал возило без возачка дозвола, а другиот возел и покрај тоа што имал активна забрана.По целосно документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.Од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да не управуваат возило без положен возачки испит, со изречена забрана за управување или под дејство на алкохол.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

Малолетник заврши во болница откако бил послужен со алкохол во локал во Кичево
Внимание ако денес возите низ Скопје: Овие улици ќе бидат затворени до 14 часот
60-годишен скопјанец пронајден починат на автобуска постојка во Драчево
70-годишен скопјанец пронајден починат, телото предадено на обдукција
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад