Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Разрешениот судија Лазар Нанев е слободен граѓанин, Обвинителството го повлече обвинението за 97 контактирања со човек кому му судел
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
15-годишник објавил експлицитни фотографии од малолетничка на социјалните мрежи
МВР
Му се слошило додека пешачел и паднак покрај реката Треска кај Матка, 73-годишник пренесен во болница
МВР
Со остар предмет ја оштетувал покуќнината и му се заканувал на татко му, упасен скопјанец
МВР
31-годишен маж ја нападнал сопругата и ѝ се заканувал со остар предмет
МВР
Пронајдено телото на скопјанецот кој исчезна во Преспанското езеро откако скокна од чамец по веслата
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
Судии и обвинители

Разрешениот судија Лазар Нанев е слободен граѓанин, Обвинителството го повлече обвинението за 97 контактирања со човек кому му судел

Претрес.мк
Последни промени 07/03/2026
Претрес.мк
Сподели

Основното јавно обвинителство Велес денеска со писмен поднесок го повлекло обвинението против кавадаречкиот судијата Лазар Нанев, кој беше гонет за кривичното дело „несовесно работење во службата“, потврди за „Скопје1“, адвокатот Владимир Туфегџиќ.Тој посочи дека одбраната навремено побарала Обвинителството да ја преиспита законитоста и основаноста на поднесеното обвинение, имајќи ги предвид доказите што биле понудени во постапката.„Имајќи ги предвид понудените докази, навремено побарав јавното обвинителство да ја преиспита законитоста и издржаноста на поднесеното обвинение, пред сè поради економичноста и целисходноста на кривичната постапка“, наведе Туфегџиќ.Според него, во текот на постапката одбраната изнела цврсти аргументи и докази кои укажувале на неоснованост на обвинението, по што надлежниот јавен обвинител донел одлука да го повлече.„За поздравување е одлуката и доблеста на надлежниот јавен обвинител да го повлече обвинението против судијата Лазар Нанев“, истакна Туфегџиќ.Тој додаде дека овој пример треба да го следат и други јавни обвинители во ситуации кога нема доволно докази кои го поткрепуваат обвинението, особено поради економичноста и ефикасноста на кривичната постапка.Нанев беше гонет за 97 комуникации со обвинет во постапка, на кому тој му судел. За истиов случај тој беше разрешен и од функцијата судија. Претходно, за притисоци и недолично однесување беше пријавен и од обвинителка од Кавадарци.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

15-годишник објавил експлицитни фотографии од малолетничка на социјалните мрежи
Му се слошило додека пешачел и паднак покрај реката Треска кај Матка, 73-годишник пренесен во болница
Со остар предмет ја оштетувал покуќнината и му се заканувал на татко му, упасен скопјанец
31-годишен маж ја нападнал сопругата и ѝ се заканувал со остар предмет
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад