Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Фирма и управител од Радовиш наместо бука за училиштата доставувале топола, дива круша и црница
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
Кривична за директор на градинка во Штип: Преку фиктивни фактури исплатени над 7,7 милиони денари
МВР
Посебен режим на сообраќај во Скопје во сабота – еве кои улици ќе бидат засегнати
МВР
Тешко повреден мотоциклист во судир со „ауди“ во Скопје
МВР
Кривична за жител на Чашка, полицијата пронајде ловечка пушка во неговиот дом
МВР
10 пријави за семејно насилство за едно деноноќие, пет лица приведени
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
МВР

Фирма и управител од Радовиш наместо бука за училиштата доставувале топола, дива круша и црница

Претрес.мк
Последни промени 05/03/2026
Претрес.мк
Сподели

СВР Струмица-ОВР Радовиш, до Основното јавно обвинителство Радовиш, поднесе кривична пријава против С.К.(43) од село Дедино, општина Конче, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривични дела „злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно – приватно партнерство“, „злоупотреба на службената положба и овластување“, „посебни случаи на фалсификување исправи“, „употреба на исправа со невистинита содржина“ и „вршење на јавен превоз без поседување на лиценца“ и против правен субјект од Радовиш поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно – приватно партнерство“, „посебни случаи на фалсификување исправи“ и „употреба на исправа со невистинита содржина.С.К. и правното лице, чиј управител е, по претходно распишан оглас за јавна набавка од општина Радовиш и донесената одлука дека е најповолен понудувач за набавка на огревно дрво бука за потребите на основните училишта во општина Радовиш, свесно со неизвршување на обврските од договорот ги повредиле правилата на постапката со тоа што во подрачните училишта во с.Калаузлија, с.Коџалија, с.Ињево, с.Сулдурци и с.Покрајчево наместо огревно дрво бука со опсег на дијаметар 7-16 цм испорачале огревно дрво топола, дива круша, црница, евла и бука со дијаметар од 3-7 цм. На овој начин се стекнале со противправна имотна корист од 628.224 денари.Исто така, испорачаното огревно дрво не било жигосано со жиг за жигосување на дрвни сортименти и немало испратница за превоз на дрвни сортименти за топола, дива круша, црница, евла и друго, што укажува на фактот дека е незаконски стекната. Пријавените изготвиле фиктивни испратници за основните училишта со тоа што во делот на вид на дрво и вид на сортимент на дрво внеле невистинити податоци во однос на видот на дрво и видот на дрвниот сортимент, додека во рубриката „одговорно лице“, С.К. се потпишал и покрај тоа што не бил овластен да ги потпише. Што се однесува пак до превозот на дрвата, С.К. го вршел со товарно возило на правното лице без да поседува лиценца за вршење на јавен превоз.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

Кривична за директор на градинка во Штип: Преку фиктивни фактури исплатени над 7,7 милиони денари
Посебен режим на сообраќај во Скопје во сабота – еве кои улици ќе бидат засегнати
Тешко повреден мотоциклист во судир со „ауди“ во Скопје
Кривична за жител на Чашка, полицијата пронајде ловечка пушка во неговиот дом
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад