Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Против Стојанче, сопругот на починатата Ивана, се водела само една постапка во Обвинителството, иако имало десет пријави
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
МВР и Фондот за здравствено осигурување: Надминат е проблемот со здравственото осигурување на вработените
МВР
Малолетен мотоциклист тешко повреден по судир со автомобил во Струмица
МВР
28-годишник од Тетово лажно пријавил дека баба му и дедо му му украле 3,5 милиони денари
МВР
Кривична пријава против фирма и нејзин вработен од тетовско поради недозволена наплата во странска валута
МВР
Изградил ограден ѕид и настрешница на државно земјиште, пријавен за узурпација
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
 Предмети

Против Стојанче, сопругот на починатата Ивана, се водела само една постапка во Обвинителството, иако имало десет пријави

Претрес.мк
Последни промени 03/03/2026
Претрес.мк
Сподели

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски информираше дека сопругот на трагично починатата Ивана имал десет кривични пријави во изминатите две години, а само неколку часа пред падот од балкон во Карпош, полицијата интервенирала по пријава за семејна расправија.Трагедијата, во која животот го загубија жена и малолетно дете, била пријавена од случаен минувач. Според Тошковски, веднаш по пријавата на улицата „Теодосиј Гологанов“ излегле полициски службеници од Полициската станица Карпош и екипа на Итната медицинска помош, при што била констатирана смрт.Извршен бил увид од страна на СВР Скопје, телата се предадени на обдукција, а од местото биле подигнати материјални траги и мобилен телефон.Од Основното јавно обвинителство информираат дека против Стојанче се водела само една постапка во Обвинителството.Во Основното јавно обвинителство Скопје лицето не е пријавено за кривични дела на семејно насилство. Против него има активна постапка од 29.12.2025 година за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик за пронајдени 19 грама марихуана и 7 грама амфетамин во багажникот на неговиот автомобил. По предлог на надлежниот обвинител, ценејќи ги сите околности во предметот, судија на претходна постапка му определил мерки на претпазливост кои се уште се на сила“, информираат од ОЈО.Во однос на постари постапки, се е процесуирано, поднесено е обвинение за насилство кон трето лице, заедно со други соучесници, како и обвинение за напад врз службено лице заедно со сега починатата, дополнуваат од ОЈО.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

МВР и Фондот за здравствено осигурување: Надминат е проблемот со здравственото осигурување на вработените
Малолетен мотоциклист тешко повреден по судир со автомобил во Струмица
28-годишник од Тетово лажно пријавил дека баба му и дедо му му украле 3,5 милиони денари
Кривична пријава против фирма и нејзин вработен од тетовско поради недозволена наплата во странска валута
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад