Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Со завршено четврто одделение сакал да извади возачка, па фалсификувал диплома
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
Со завршено четврто одделение сакал да извади возачка, па фалсификувал диплома
МВР
Маж крадел бетонски столбови од лозов насад
МВР
Малолетник украл автомобил и предмети од два имоти во Куманово
МВР
Со нож ги нападнал синот и малолетната ќерка, а потоа и полицајци
МВР
Петмина осомничени за разбојништво и тешка кражба, тројца од нив се малолетници
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
МВР

Со завршено четврто одделение сакал да извади возачка, па фалсификувал диплома

Претрес.мк
Последни промени 24/02/2026
Претрес.мк
Сподели

Возачки испит во земјава може да се полага со завршено основно образование, а токму овој услов бил причина 49-годишен прилепчанец да фалсификува свидетелство за завршена осмолетка за да може да се пријави во авто-школа.Од Министерство за внатрешни работи информираат дека ОВР Прилеп поднела кривична пријава против Н.А.(49) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување на исправа“.„Во септември 2025 година, пријавениот направил лажна исправа – свидетелство на негово име издадено од основно училиште за завршено осмо одделение, кое имал намера да го употреби за пријавување во авто-школа за полагање на возачки испит, иако имал завршено четврто одделение“, соопштуваат од полицијата.Случајот доаѓа во период кога засилени се контролите во сообраќајот, особено по ставањето во функција на системот „Безбеден град“, кој предвидува построги санкции за возење без возачка дозвола и за други сообраќајни прекршоци.Во изминатиот период, по одземање на возила од лица кои управувале без положен возачки испит, во Битола и во други градови беа организирани протести. Дел од демонстрантите, припадници на ромската заедница, бараа можност да управуваат возила и без положен испит, повикувајќи се на фактот дека некои од нив се неписмени.Надлежните, пак, остануваат на ставот дека условите за стекнување возачка дозвола се законски пропишани и еднакво важат за сите граѓани.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

Со завршено четврто одделение сакал да извади возачка, па фалсификувал диплома
Маж крадел бетонски столбови од лозов насад
Малолетник украл автомобил и предмети од два имоти во Куманово
Со нож ги нападнал синот и малолетната ќерка, а потоа и полицајци
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад