Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: (Видео) Одземањето на возила на тие кои немаат возачки донесе блокирање на патот Битола-Охрид со запален отпад
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
МВР: Кај Љубаништа, „Task Force“ приведе 43-годишен прилепчанец со повеќе пакувања марихуана
МВР
(Видео) Мистериозни лица и познати изговори: „Претрес со Ландов“ се враќа со четврта сезона
Претрес
Едно лице загина, три се повредени во тешка сообраќајка на патот Гостивар–Стража
МВР
Четворица лишени од слобода во Тетово, полицијата пронашла дрога
МВР
51-годишен маж од Раковец физички нападнал жена во стан во Тетово
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
МВР

(Видео) Одземањето на возила на тие кои немаат возачки донесе блокирање на патот Битола-Охрид со запален отпад

Претрес.мк
Последни промени 03/02/2026
Претрес.мк
Сподели

Со палење пластика и ѓубре, група граѓани од ромската заедница организираа протест и го блокираа регионалниот пат Битола–Охрид, поради што сообраќајот беше привремено прекинат. Протестот беше проследен со извици „нема правда, нема мир“ и „бараме правда“, а чад од запалениот отпад се забележуваше и од поголема оддалеченост.Според неофицијални информации, причината за протестот е одземањето на возилата на лица кои управувале без положен возачки испит, мерка што стапи во сила со последните измени на Законот за прекршоци. Дел од присутните јавно негодуваа поради, како што велат, високата вредност на одземените автомобили, а на една од снимките од настанот се слуша извикување „5.000 евра кола ми земавте“.Присутните се жалеа на дискриминација, објаснувајќи дека тие немаат завршено училиште за да полагаат за возачка.На местото на протестот биле присутни и полициски службеници, кои ја следеле состојбата. Засега нема официјална информација за приведени лица или за времетраењето на блокадата, ниту пак за евентуални понатамошни мерки.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

МВР: Кај Љубаништа, „Task Force“ приведе 43-годишен прилепчанец со повеќе пакувања марихуана
(Видео) Мистериозни лица и познати изговори: „Претрес со Ландов“ се враќа со четврта сезона
Едно лице загина, три се повредени во тешка сообраќајка на патот Гостивар–Стража
Четворица лишени од слобода во Тетово, полицијата пронашла дрога
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад