Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Тројца осомничени за изборни фалсификати и злоупотреба на лични податоци во Богданци
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
Турски државјанин возел автомобил баран од Интерпол, уапсен на ГП Долно Блаце
МВР
Пожар зафати три автомобили во Скопје, оштетена и зграда
МВР
Велосипедист загина во сообраќајна несреќа кај Кочани
МВР
Палел сува трева, пожарот се проширил на соседни парцели – кривична за жител на Свети Николе
МВР
Косовски државјанин приложил фалсификувани документи за возило со руски таблички
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
МВР

Тројца осомничени за изборни фалсификати и злоупотреба на лични податоци во Богданци

Претрес.мк
Последни промени 28/01/2026
Претрес.мк
Сподели

ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против Б.Ш. (40) од Богданци поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „помагање“ во врска со кривичното дело „фалсификување исправа“. Кривична пријава е поднесена и против Д.Л. (33) од Скопје за „злоупотреба на лични податоци“ и „фалсификување исправа“, како и против Б.З. (45) од Скопје за „фалсификување исправа“.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, во септември 2025 година првопријавениот Б.Ш. без согласност ги искористил личните податоци од лична карта и патна исправа на неговата мајка и уште едно лице, по што тие податоци му ги предал на второпријавениот Д.Л.Второпријавениот, без знаење и согласност на оштетените лица, ги искористил нивните лични податоци во постапка за кандидирање на членови на Советот на општина Богданци пред Општинската изборна комисија – Богданци, при што ги фалсификувал и нивните потписи.Така изготвените лажни јавни исправи, на 13 септември 2025 година во Богданци, третопријавениот Б.З. од Скопје ги предал на членови на Општинската изборна комисија Богданци, со цел поднесување листа за кандидати за членови на Советот на општина Богданци.По целосно документирање на случајот, кривичните пријави се доставени до надлежното јавно обвинителство за понатамошна постапка.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

Турски државјанин возел автомобил баран од Интерпол, уапсен на ГП Долно Блаце
Пожар зафати три автомобили во Скопје, оштетена и зграда
Велосипедист загина во сообраќајна несреќа кај Кочани
Палел сува трева, пожарот се проширил на соседни парцели – кривична за жител на Свети Николе
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад