Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Судијата е во Обвинителство: Бараат да оди во куќен притвор додека се истражуваат 350.000 евра најдени во ѕид
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
Тело на 20-годишна девојка пронајдено во стан во Штип
МВР
Пронајденo младо момче од Кочани со повреда на главата во речен канал кај Виница
МВР
Се договориле да се сретнат во нејзиниот стан преку мобилна апликација па кога дошол и се заканувал со остар предмет
МВР
Малолетник нападнат во училиште
МВР
Пукање при разминување со возило во Липково – едно лице уапсено
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
 Предмети

Судијата е во Обвинителство: Бараат да оди во куќен притвор додека се истражуваат 350.000 евра најдени во ѕид

Претрес.мк
Последни промени 20/01/2026
Претрес.мк
Сподели

Предметниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска го сослуша осомничениот судија, при што му беа предочени сите досега прибрани докази врз основа на кои се темели основаното сомневање дека ги сторил кривичните дела што му се ставаат на товар.По спроведеното сослушување и оценка на објективните и субјективните услови неопходни за определување мерка за обезбедување на присуството на осомничениот, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка куќен притвор.Покрај оваа мерка, обвинителството предложи и определување мерка на претпазливост, со која се бара привремено одземање на патната или друга исправа за преминување на државната граница, односно забрана за издавање таков документ.Од Обвинителството наведуваат дека предложените мерки се насочени кон обезбедување непречено водење на постапката, имајќи ја предвид тежината на делата и фазата во која се наоѓа истрагата. Одлуката по предлогот треба да ја донесе судијата на претходна постапка.Ристов е осомничен за противправно стекнување и прикривање имот, при што во домот на неговите родители во Неготино, за време на претрес извршен по наредба на суд, беа пронајдени 350.000 евра скриени во соѕидан простор во ѕид. Обвинителството соопшти дека парите се сомнителни како незаконски стекнати, а постапката е дел од поширока истрага за висока корупција, поткрепена со информации од Агенцијата за национална безбедност.Судијата и натаму ужива имунитет, кој може да му биде симнат од Судскиот совет, по барање на судија на претходна постапка.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

Тело на 20-годишна девојка пронајдено во стан во Штип
Пронајденo младо момче од Кочани со повреда на главата во речен канал кај Виница
Се договориле да се сретнат во нејзиниот стан преку мобилна апликација па кога дошол и се заканувал со остар предмет
Малолетник нападнат во училиште
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад