Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Обид за убиство во Кичево: двајца осомничени во 30-дневен притвор
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
Безживотно машко тело извлечено од реката Пчиња кај Катлановска Бања
МВР
Жена украла чанта од автомобил, па ја нападнала сопственичката
МВР
78-годишна жена пронајдена почината во својот дом во Кисела Вода
МВР
Бесправно изграден деловен објект во Кичево на државно земјиште
МВР
Возел иако му било забрането: Уапсен 46-годишник од Скопје
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
МВР

Обид за убиство во Кичево: двајца осомничени во 30-дневен притвор

Претрес.мк
Последни промени 18/01/2026
Претрес.мк
Сподели

Полициските службеници од Министерство за внатрешни работи, преку ОВР Кичево, поднесоа кривична пријава против Ј.Д. (37) и А.А. (46), двајцата од Кичево, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „обид за убиство“, казниво по член 123 од Кривичниот законик.

— реклама —

По поднесената пријава, осомничените биле спроведени во Казнено-поправна установа Затвор-Битола, откако судија на претходна постапка им определил мерка притвор во траење од 30 дена.

Според информациите од полицијата, на 4 јануари 2026 година околу 14:45 часот, пријавените биле лишени од слобода откако претходно, на земјен пат кај месноста „Сеферов бунар“, во близина на Кичево, со нож го нападнале Б.А. (39) од Кичево, по што побегнале од местото на настанот.

— реклама —

Повредениот бил пренесен во Општата болница во Кичево, каде му била укажана лекарска помош, а поради сериозноста на здобиените повреди бил префрлен на понатамошно лекување во Градска општа болница 8 Септември во Скопје.

Во рамки на истрагата, а по претходно обезбедена судска наредба, полициските службеници од криминалистичката полиција извршиле претреси во домовите на осомничените, при што биле пронајдени ножеви кои се одземени и ќе бидат предмет на натамошна постапка.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

Безживотно машко тело извлечено од реката Пчиња кај Катлановска Бања
Жена украла чанта од автомобил, па ја нападнала сопственичката
78-годишна жена пронајдена почината во својот дом во Кисела Вода
Бесправно изграден деловен објект во Кичево на државно земјиште
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад