Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Ги воделе ‘Тот’, ‘Тамара’, ‘Трансмет’, ‘Двојник’, „Тенковски делови“: меѓу исксутвото и контроверзиите, кои се петте кои сакаат да шефуваат
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
(Видео) Криел 9 пиштоли во кровот на автомобилот, спречен обид за шверц на оружје на Богородица
Новости
Лажни СМС-пораки и мејлови демнат граѓани: Апел од МВР за зголемена внимателност, по над 50 пријави за интернет измами
МВР
Провала и кражба во трговски центар во Скопје
МВР
Полициски акции во Скопје, Штип и Горно Количани против нарко-криминал
МВР
Полицијата со низа интервенции за нарушување на јавниот ред: Закани, напад врз полицаец и приведувања на граница
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
Судии и обвинители

Ги воделе ‘Тот’, ‘Тамара’, ‘Трансмет’, ‘Двојник’, „Тенковски делови“: меѓу исксутвото и контроверзиите, кои се петте кои сакаат да шефуваат

Претрес.мк
Последни промени 16/01/2026
Претрес.мк
Сподели

Обвинителите Дејан Петрески, Спасенка Андонова, Тања Трајчевска, Анел Фидоски и актуелниот шеф Гаврил Бубевски се имињата што се споменуваат како потенцијални кандидати за нов раководител на Основното јавно обвинителство Скопје. За пет дена, Советот на јавни обвинители треба да донесе одлука кој ќе застане на чело на најголемото обвинителство во државата.Изборот се одвива во период на институционална чувствителност, по оставката на поранешниот републички јавен обвинител Љупчо Коцевски и назначувањето на вршител на должноста јавен обвинител Анита Тополова Исајловска. Скопското обвинителство, кое постапува по најголем број и најкомплексни предмети во земјава, добива ново раководство во момент кога довербата во правосудниот систем е под силен јавен притисок.А кои се кандидатите…Анел Фидоски како обвинител во скопското Обвинителство е познат по неколку високопрофилни случаи, а меѓу нив е гонењето на обвинетите за убиството на Никола Сазодвски, член на групата „Комити“ и експремиерот Владо Бучковски за „Тенковски делови“ кој застаре благодарение на преквалификацијата на делото која ја направи Фидоски. Додека обвинителот ја водеше истрагата и утврдуваше факти, еден од обвинетите и осудените, Јетон Љужа, избега од Макеоднија. Тој беше вклучен и во судскиот процес за гонењето на 12 чоктори и членови на комисии за малата Тамара од Влеес, која почина додека чекаше државата да и помогне за лекувањето во странство.Дејан Петрески е обвинител во Основното јавно обвинителство Скопје и е ангажиран на предмети поврзани со напади врз новинари. Тој го водеше предметот за упадот во М-НАВ, во кој осомничен беше Беким Незири, како и предметот за пожарот во модуларната болница во Тетово. Токму за тој случај, поранешната обвинителка, а денес адвокатка Лејла Кадриу, јавно изнесе сериозни критики, наведувајќи дека Петрески бил користен како „поштар“ преку кој се контролирале дејствијата во истрагата и се штителе одредени лица.Тања Трајчевска го водеше предметот за убиството на ракометарот Денис Тот, во кој обвинетите беа осудени и на по 18 години затвор. Таа постапуваше и во предметот за смртта на диџејот Љупчо Лешко, за кој родителите на починатиот изнесоа серија забелешки поради непокренување обвинение покрај доказите за сопствениците на објектот каде младото момче загина. По тие реакции, Вишото јавно обвинителство донесе одлука случајот повторно да се преиспита.Спасенка Андонова беше обвинителка во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција и го водеше предметот „Двојник“, поврзан со незаконско издавање пасоши на странски криминалци. Во овој случај, судените добиваа релативно ниски казни од судот. Во минатото Андонова беше дел и од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, каде не беше реизбрана.Гаврил Бубевски, актуелен шеф на скопското Обвинителство, дојде од Специјалното јавно обвинителство, каде што беше избор на Катица Јанева во 2015 година, како млад обвинител со шестгодишен стаж. Во СЈО работеше на предмети што произлегоа од прислушуваните разговори, меѓу кои „Трансмет“, „Шамарите во Центар“, „Титаник 2“, „Моќник“, како и истрагите за „Актор“ и „Подарок“. Тој беше дел и од постапката за случајот „Монструм“. Бубевски беше обвинуван дека со наводно непостапување, овозможил Сеад Кочан и компанијата „Трансмет“ да префрлат имот на трето лице, а кој што требало да биде предмет на конфискација. Тој јавно тврдеше дека не направи грешка во постапувањето.Кандидатите за функцијата имаат обвинителско искуство кое се движи од шест до повеќе од дваесет години и зад себе носат серија јавни и општествено значајни предмети, дел од нив и со силни контроверзии. Одлуката на Советот на јавни обвинители ќе биде внимателно следена, бидејќи изборот на нов шеф на скопското Обвинителство се смета за клучен тест за насоката и кредибилитетот на обвинителскиот систем во период на институционални превирања.

Можеби ќе ти се допадне

Избрана привремена шефица на местото од Коцевски: која е Тополова-Исајловска?

Кој ќе се фати во костец со „жешкиот костен”, за позицијата која обвинителот Прчевски ја нарече дека е за „будала“

Советот му ја прекина функцијата на Хајрулахи по негово барање

Платите во судството под лупа: познато колку зимаат судиите од основните судови до Врховен суд

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

(Видео) Криел 9 пиштоли во кровот на автомобилот, спречен обид за шверц на оружје на Богородица
Лажни СМС-пораки и мејлови демнат граѓани: Апел од МВР за зголемена внимателност, по над 50 пријави за интернет измами
Провала и кражба во трговски центар во Скопје
Полициски акции во Скопје, Штип и Горно Количани против нарко-криминал
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад