Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Убиство ја потресе Македонија: син си ја убил мајката, со повеќе убоди во пределот на главата
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
МВР со детали за кривичната против Мети Сејдини
МВР
Обука во Идризово: Полицијата се подготвува за модерни воздухопловни операции
МВР
Посебен сообраќаен режим во Скопје во недела поради меморијална дуатлон трка „Ѓоко Кузмановски“
МВР
Велосипедист тешко повреден во сообраќајка во Скопје
МВР
Малолетничка уценувана со експлицитни фотографии во Скопје
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
МВР

Убиство ја потресе Македонија: син си ја убил мајката, со повеќе убоди во пределот на главата

Претрес.мк
Последни промени 12/01/2026
Претрес.мк
Сподели

Маж од Богданци е лишен од слобода поради сомнение дека со остар предмет ја усмртил својата мајка, а по извршувањето на делото самиот се пријавил во полиција.

— реклама —

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, на 12 јануари 2026 година, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Гевгелија го уапсиле П.С. (39) од Богданци. Според првичните сознанија, претходната вечер околу 21 часот, во станот каде што живееле, избувнала расправија меѓу него и неговата мајка М.С. (58), која ескалирала во физичка пресметка. Во текот на конфликтот, осомничениот со остар предмет ѝ нанел повеќе убодни рани во пределот на главата.

Жената починала од здобиените повреди, а смртта била констатирана од лекар од Итната медицинска помош во Гевгелија.

— реклама —

Од МВР дополнуваат дека утрото, во 07:05 часот, осомничениот сам се пријавил во Полициската канцеларија во Богданци и го признал настанот.

Увид на местото на злосторството извршиле јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и екипа од ОВР Гевгелија. По наредба на обвинителот, телото на починатата е предадено на обдукција, а против осомничениот во текот на денот ќе биде поднесена кривична пријава за кривично дело убиство.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

МВР со детали за кривичната против Мети Сејдини
Обука во Идризово: Полицијата се подготвува за модерни воздухопловни операции
Посебен сообраќаен режим во Скопје во недела поради меморијална дуатлон трка „Ѓоко Кузмановски“
Велосипедист тешко повреден во сообраќајка во Скопје
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад