Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Тошковски: МВР со посебен план за безбедност и сообраќај во Маврово за зимската туристичка сезона
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
63-годишна жена го нападнала сопругот со остар предмет
МВР
Пронашол мина од Втората светска војна на покривот на семејна куќа
МВР
Легализирал дивоградба и овозможил отуѓување државно земјиште, кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица
МВР
31-годишен мопедист тешко повреден во судир со „опел“ во центарот на Скопје
МВР
Тешко повредена 62-годишна жена откако во неа удрил мотоцикл на крстосница во Скопје
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
МВР

Тошковски: МВР со посебен план за безбедност и сообраќај во Маврово за зимската туристичка сезона

Претрес.мк
Последни промени 02/01/2026
Претрес.мк
Сподели

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска оствари работна посета на Полициското одделение Маврово, Полициското одделение Ростуше и Полициската станица за граничен надзор Жировница, при што се запозна со тековните активности, условите за работа и конкретните предизвици со кои се соочуваат полициските службеници на терен.

— реклама —

„Во ПО Маврово ќе се изготви посебен план за претстојната зимска туристичка сезона, со цел овозможување подобар проток на сообраќајот, навремено управување со зголемениот број посетители и распоредување на соодветен број полициски службеници за одржување на јавниот ред и мир.“, потенцираше министерот Тошковски.

При посетата на Полициското одделение Ростуше беше разгледана можноста за обука на полициски службеници за вршење увиди на сообраќајни незгоди, што ќе овозможи побрзо и поефикасно завршување на постапките на лице место. Оваа мерка ќе придонесе за намалување на времето на чекање, избегнување подолготрајни блокади на сообраќајниците и зголемување на функционалноста на системот, имајќи предвид дека досега овие увиди ги вршеа екипи од Гостивар.

— реклама —

Во Полициската станица за граничен надзор Жировница беше отворено и прашањето за можност дел од просторот во рамки на станицата да биде отстапен на општината, со цел обезбедување паркинг простор за жителите, како практично и рационално решение во интерес на локалната заедница.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

63-годишна жена го нападнала сопругот со остар предмет
Пронашол мина од Втората светска војна на покривот на семејна куќа
Легализирал дивоградба и овозможил отуѓување државно земјиште, кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица
31-годишен мопедист тешко повреден во судир со „опел“ во центарот на Скопје
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад