Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Полицијата откри импровизирана лабораторија за марихуана во дом во Богородица: татко и син под истрага за марихуана
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
Запленети 19 кубни метри нелегално исечено дрво во Делчевско
МВР
(Во живо) Фериде Демирова со мерцедес порше и три стана примала социјална помош, говори нејзиниот адвокат
Претрес
(Во живо) Бојан Антиќ тврди дека сопругата не ја малтретирал, туку таа му го скршила носот, а на синот му удрил воспитна шлаканица
Претрес
(Во живо) Сања Антиќ бара развод од сопругот поради малтретирање: Обвинителството од насилникот направи жртва
Претрес
(🔴ВО ЖИВО) „Претрес“: Со социјална помош до луксуз, која е шемата? Сведоштво за насилство кое обвинителот не го гледа
Претрес
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
 Предмети

Полицијата откри импровизирана лабораторија за марихуана во дом во Богородица: татко и син под истрага за марихуана

Претрес.мк
Последни промени 21/12/2025
Претрес.мк
Сподели

Основното јавно обвинителство Гевгелија поведе истражна постапка против две лица – татко и син од гевгелиското село Богородица, поради основано сомнение дека сториле кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, согласно член 215 став 1 од Кривичниот законик.При претрес извршен со судска наредба на 17 декември во домот на осомничениот татко, биле пронајдени околу 150 грама марихуана во различни пакувања, семки од канабис, метални и пластични грендери, две дигитални ваги, три бонга, како и шатор опремен со електрична инсталација, светилки, ламби и уреди за мерење температура, кои служеле за претходно производство на марихуана.Според Обвинителството, осомничениот син посредувал во купопродажбата на дрогата. Марихуаната што ја презел од неговиот татко со намера да ја препродаде, ја однел во куќата на неговиот дедо, каде што престојувал. Кога полициските службеници пристигнале да извршат претрес и на таа локација, тој ја заклучил влезната врата, дрогата ја фрлил во ВЦ-шолјата и пуштил вода, а се обидел да се ослободи и од дигитална вага со остатоци од наркотична дрога.Поради постоење на околности кои укажуваат на опасност од бегство и можност за попречување на кривичната постапка преку влијание врз сведоци, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка во Гевгелија достави предлог за определување мерка куќен притвор, како и дополнителна мерка на претпазливост – привремено одземање на патните исправи.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

Запленети 19 кубни метри нелегално исечено дрво во Делчевско
(Во живо) Фериде Демирова со мерцедес порше и три стана примала социјална помош, говори нејзиниот адвокат
(Во живо) Бојан Антиќ тврди дека сопругата не ја малтретирал, туку таа му го скршила носот, а на синот му удрил воспитна шлаканица
(Во живо) Сања Антиќ бара развод од сопругот поради малтретирање: Обвинителството од насилникот направи жртва
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад