Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: (Видео) Шест години Интервентна полиција во Скопје: Намалени разбојништва за 40 отсто
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
Петмина возеле пијани, седум без дозвола: МВР приведе 13 возачи
МВР
Гостиварец осомничен за обид за силување на сопругата и напад врз двете деца
МВР
Кумановец допирал 18-годишна девојка на улица, па избегал со мотоцикл
МВР
Браќа нападнале маж во Идризово, оти застанал во одбрана на вработена во маркет, на која и се дереле
МВР
Автомобил излета од патот кај Ваташа, тешко повреден 23-годишник
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
МВР

(Видео) Шест години Интервентна полиција во Скопје: Намалени разбојништва за 40 отсто

Претрес.мк
Последни промени 19/12/2025
Претрес.мк
Сподели

Со свечена манифестација денеска беше одбележан Денот на Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, по повод шест години од нејзиното формирање. На настанот беше истакната улогата на единицата во одржувањето на јавниот ред и мир и во заштитата на безбедноста на граѓаните во главниот град.

— реклама —

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, во своето обраќање оцени дека Интервентната полиција се изградила во еден од клучните сегменти на безбедносниот систем, со висока оперативна подготвеност и брза реакција на терен.

„Интервентната полиција често беше прва на местото на настанот и даде значаен придонес во заштитата на граѓаните. Намалувањето на разбојништвата во Скопје за околу 40 проценти е конкретен и мерлив резултат на вашата работа“, изјави Тошковски.

— реклама —

Тој најави дека Министерството за внатрешни работи ќе продолжи со инвестиции во опрема, обука и човечки ресурси, со цел понатамошна модернизација и зголемување на капацитетите на Единицата.

Командантот на Единицата за интервентна полиција, Милош Столевски, истакна дека за шест години постоење, единицата се етаблирала како неопходна алатка во борбата против криминалот и нарушувањето на јавниот ред.

„Членството во Интервентната полиција носи чест, но и сериозна одговорност. Со професионалност и дисциплина изградивме доверба кај граѓаните и придонесовме Скопје да биде побезбедно место за живеење“, изјави Столевски.

На настанот беше потенцирана и важноста на меѓуединичната координација и соработката со останатите служби во рамките на МВР, особено при спроведување на комплексни оперативни акции.

Од МВР порачуваат дека Интервентната полиција ќе продолжи да се развива како модерна, професионална и ефикасна единица, насочена кон заштита на граѓаните и одржување на стабилен јавен ред и мир.

View this post on Instagram

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

Петмина возеле пијани, седум без дозвола: МВР приведе 13 возачи
Гостиварец осомничен за обид за силување на сопругата и напад врз двете деца
Кумановец допирал 18-годишна девојка на улица, па избегал со мотоцикл
Браќа нападнале маж во Идризово, оти застанал во одбрана на вработена во маркет, на која и се дереле
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад