Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Апсења на Аеродромот Скопје: Турски државјанин баран од Интерпол, а со лисици завршија и уште две лица
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
МВР за шест часа казни 628 возачи за пребрзо возење низ цела Македонија
МВР
Викенд-акција на МВР: 20 лица уапсени, запленети марихуана и кокаин
МВР
628 прекршоци за брзо возење за само шест часа
МВР
12 возачи уапсени за безобѕирно управување, осум возеле без возачка дозвола
МВР
5.628 лица уапсени во акцијата „Чистач“, запленети дрога и оружје
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
МВР

Апсења на Аеродромот Скопје: Турски државјанин баран од Интерпол, а со лисици завршија и уште две лица

Претрес.мк
Последни промени 17/12/2025
Претрес.мк
Сподели

На Граничниот премин „Меѓународен Аеродром Скопје“ во текот на 16 декември 2025 година полициските службеници лишиле од слобода три лица поради меѓународна потерница и фалсификувани патни исправи, информира Министерството за внатрешни работи.

— реклама —

Според МВР, во 15:20 часот, при влез во државата, бил лишен од слобода О.А. (46) од Република Турција. При извршената гранична контрола и проверка во оперативната евиденција било констатирано дека лицето е евидентирано со мерка „апси“ по барање на Интерпол. Тој бил задржан во Полициската станица Кисела Вода за понатамошна постапка.

Претходно, во 01:50 часот, исто така на влез во државата на скопскиот аеродром, полициски службеници ги лишиле од слобода М.Х. (26) од Италија и Ч.Л. (27) од Кина. Кај нив, при граничните проверки, било утврдено дека приложиле фалсификувани документи. Двете лица биле задржани во Полициската станица Гази Баба.

— реклама —

Од МВР соопштуваат дека по целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

МВР за шест часа казни 628 возачи за пребрзо возење низ цела Македонија
Викенд-акција на МВР: 20 лица уапсени, запленети марихуана и кокаин
628 прекршоци за брзо возење за само шест часа
12 возачи уапсени за безобѕирно управување, осум возеле без возачка дозвола
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад