Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: (Фото) И Тошковски објави дека добил опомена оти возел 51 км/ч наместо 50 км/ч: Се движев со приватното возило
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
МВР за шест часа казни 628 возачи за пребрзо возење низ цела Македонија
МВР
Викенд-акција на МВР: 20 лица уапсени, запленети марихуана и кокаин
МВР
628 прекршоци за брзо возење за само шест часа
МВР
12 возачи уапсени за безобѕирно управување, осум возеле без возачка дозвола
МВР
5.628 лица уапсени во акцијата „Чистач“, запленети дрога и оружје
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
МВР

(Фото) И Тошковски објави дека добил опомена оти возел 51 км/ч наместо 50 км/ч: Се движев со приватното возило

Претрес.мк
Последни промени 06/12/2025
Претрес.мк
Сподели

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, утрово добил смс-порака за сторен сообраќаен прекршок забележан од системот „Безбеден град“, додека со своето приватно возило се движел кон Кавадарци, каде денеска се одржува партискиот конгрес на ВМРО–ДПМНЕ. Како што објави, системот регистрирал движење со брзина што ја надминала дозволената за само 1 километар на час.

— реклама —

„Ова е најдобрата илустрација за тоа како треба да функционира државата. Системот важи и постапува еднакво кон сите и ако регистрира прекршок – санкцијата следи, без оглед кој е во возилото. Нема исклучоци, нема селективност, нема привилегирани“, порача Тошковски.

— реклама —

Министерот нагласи дека управувањето со возило е обврска, а не привилегија, и дека токму преку личен пример се гради доверба во институциите и безбедност на патиштата. Според него, „Безбеден град“ не е механизам за казнување, туку систем за воведување ред, дисциплина и спречување трагедии.

— реклама —

„Со алармантниот број жртви на патиштата што го имаме, мора да покажеме лична одговорност. Државата ќе биде посигурна само ако законите важат подеднакво за сите – вклучувајќи нè и нас, кои сме најодговорни за нивното спроведување“, истакна министерот.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

МВР за шест часа казни 628 возачи за пребрзо возење низ цела Македонија
Викенд-акција на МВР: 20 лица уапсени, запленети марихуана и кокаин
628 прекршоци за брзо возење за само шест часа
12 возачи уапсени за безобѕирно управување, осум возеле без возачка дозвола
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад