Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: За да се нулира ургирање кај Петре, од денеска пробен период на системот кој автоматски ќе казнува во Скопје, Тетово, Куманово и автоматите
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
Уапсени директор, полицајци, службеници: акција во три града во Македонија
Новости
Слушалки и телефони забранети во сообраќај – казните стартуваат денес
Новости
(Фото) Запален камион кај Хиподром по судир со автомобил, сообраќајот во застој од Миладиновци
Новости
По пријава за смрт, лекарска екипа добила закани во куќа во Скопје
МВР
Нов закон за Советот на јавни обвинители: зајакната независност и транспарентност
Судии и обвинители
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
МВР

За да се нулира ургирање кај Петре, од денеска пробен период на системот кој автоматски ќе казнува во Скопје, Тетово, Куманово и автоматите

Претрес.мк
Последни промени 01/12/2025
Претрес.мк
Сподели

Од денеска официјално започна пробниот период на системот „Сејф Сити“, дел од проектот „Безбеден град, безбедна држава“, со кој Министерството за внатрешни работи воведува целосно автоматско регистрирање на сообраќајни прекршоци преку паметни камери.

— реклама —

Дел од возачите уште вчера ги добија првите СМС-известувања со линкови за увид во забележаните прекршоци. Еден од нив возел само 2км/час повеќе од дозволеното, па бил уловен. Во тест-фазата нема да се изрекуваат казни — граѓаните ќе добиваат само предупредувања и увид во тоа како изгледа записникот што ќе го добиваат од 1 јануари, кога системот ќе премине во целосна примена.

— реклама —

Камерите ќе регистрираат пречекорување на дозволената брзина, минување на црвено светло, истечена сообраќајна дозвола и непрописно паркирање. Потоа, автоматски ќе генерираат записник кој сопствениците ќе можат да го преземат преку СМС или мејл линк. Со фотографија, системот ќе докажува каде е забележан прекршокот.

— реклама —

Проектот моментално е активен во Скопје, Тетово и Куманово, како и на автопатските делници на коридорите 8 и 10, а очекувањата се до средината на следната година да биде покриена целата држава.

Со пуштањето на системот денес, МВР најавува дека целта е едноставна: намалување на хаосот во сообраќајот, казнување на најчестите ризични прекршоци и зголемување на безбедноста за сите учесници во сообраќајот.

За полесни прекршоци ќе се плаќа парична казна, додека за посериозни следи повик на суд и можно одземање на дозволата за управување.

„Казната ќе стигне на мобилен. Ако сакате доказ – ќе го добиете. Ако сакате да го видите прекршокот – ќе имате слика. Ако сте се возеле со ‘Ферари’ и сте го загрозиле сообраќајот, ќе го дадеме на детската градинка. Но едно е сигурно – тоа возило повеќе нема да биде ваше“, рече Тошковски пред пет месеци.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

Уапсени директор, полицајци, службеници: акција во три града во Македонија
Слушалки и телефони забранети во сообраќај – казните стартуваат денес
(Фото) Запален камион кај Хиподром по судир со автомобил, сообраќајот во застој од Миладиновци
По пријава за смрт, лекарска екипа добила закани во куќа во Скопје
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад