Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Ја изнервирало плачењето на бебето, па го удирала со тупаници по носот и устата – се бара притвор за 23-годишната мајка
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
(Видео) „Имав понуда – кажи ги Груевски и Чавков и нема да бидеш обвинет, па ме сместија во Шутка и пак ме посетија“: Сведоштво на Јане Ченто
Претрес
(Видео) Груевски го коментираше гостувањето на Јане Ченто во „Претрес со Ландов“: Не секој беше издржлив и достоинствен
Претрес
Жени се тепале пред влезот на гробиштата во Ѓорче: едната употребила и тврд предмет
МВР
Пијан скопјанец уринирал врз службено возило на Град Скопје, па му искршил нос на комунален редар – интервенирала и полиција
МВР
Автобус со скопски таблички одземен кај Велес, родител пријавил дека повеќепати се расипувал
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
 Предмети

Ја изнервирало плачењето на бебето, па го удирала со тупаници по носот и устата – се бара притвор за 23-годишната мајка

Претрес.мк
Последни промени 11/11/2025
Претрес.мк
Сподели

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 23-годишна жена со престојувалиште во Ржаничино, која е осомничена за – Запуштање и малтретирање на дете од член 201 став 1 од Кривичниот законик.На 9 ноември во вечерните часови, таа грубо ја запоставила својата мајчинска должност за грижа и воспитување, го запуштила и малтретирала својот 6-месечен син. Изнервирана затоа што бебето плачело, почнала да го удира со раце и тупаници по устата и носот, нанесувајќи му повреди со крварење. Повредите кај детето ги забележал сопственикот на домот каде престојувала осомничената и уште една пријателка кои го однеле детето на лекарски преглед.На Клиничкиот центар на детето му биле констатирани повеќе нови повреди – контузии и хематоми, но и постари подливи од претходни повреди. Во исто време, констатирано е дека осомничената од раѓање не го однела детето ниту на лекарски преглед, ниту на вакцинација, меѓу другото со цел да прикрие дека физички го удира бебето.Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничената, пред се поради опасноста од бегство. Детето-жртва за кое не е познат другиот родител е згрижено преку Центарот за социјални работи.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

(Видео) „Имав понуда – кажи ги Груевски и Чавков и нема да бидеш обвинет, па ме сместија во Шутка и пак ме посетија“: Сведоштво на Јане Ченто
(Видео) Груевски го коментираше гостувањето на Јане Ченто во „Претрес со Ландов“: Не секој беше издржлив и достоинствен
Жени се тепале пред влезот на гробиштата во Ѓорче: едната употребила и тврд предмет
Пијан скопјанец уринирал врз службено возило на Град Скопје, па му искршил нос на комунален редар – интервенирала и полиција
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад