Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Хорор во Дебарско: жена киднапирана од дворот на својот дом, однесена во напуштена зграда и силувана
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
Пукање во скопско Шишево: Едно лице е повредено, напаѓачот му е сограѓанин
МВР
Уапсен 81-годишен кумановец: запалил стрниште и сува трева и предизвикал пожар
МВР
Уапсени двајца мажи: вкупно пет пријави за семејно насилство во изминатиот ден
МВР
Драма во Скопје: Немал пари да плати, па го натепал доставувачот и му ја земал нарачката
МВР
Со 1,59 промили алкохол правел неред во болница во Велес – заврши во станица
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
МВР

Хорор во Дебарско: жена киднапирана од дворот на својот дом, однесена во напуштена зграда и силувана

Претрес.мк
Последни промени 08/11/2025
Претрес.мк
Сподели

Две лица од Дебарскиот регион се лишени од слобода и против нив е поднесена кривична пријава за „грабнување“ и „полов напад и силување“, соопшти Министерството за внатрешни работи.

— реклама —

„ОВР Струга поднесе кривична пријава против А.Л. (26) од селото Џепиште поради постоење основи на сомнение дека ги сторил кривичните дела грабнување и полов напад и силување, како и против Е.В. (18) од селото Отишани, поради сомнение за сторено кривично дело грабнување,“ информираат од МВР.

— реклама —

Според полициските информации, на 6 ноември 2025 година околу 19 часот, двајцата осомничени насилно ја извлекле 30-годишната жена од дворот на нејзината куќа во село во Дебарско и ја внеле во возило „Ауди“, управувано од Е.В.

— реклама —

Потоа се упатиле кон напуштен објект во близина на Струга, каде што А.Л. физички ја нападнал, при што оштетената изгубила свест, а тој потоа ја силувал.

— реклама —

По извршениот напад, двајцата ја однеле жената во Општата болница во Струга, каде побарале лекарска помош.

Од МВР информираат дека двајцата сторители се пронајдени и уапсени, а против нив е поднесена кривична пријава до надлежното обвинителство.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

Пукање во скопско Шишево: Едно лице е повредено, напаѓачот му е сограѓанин
Уапсен 81-годишен кумановец: запалил стрниште и сува трева и предизвикал пожар
Уапсени двајца мажи: вкупно пет пријави за семејно насилство во изминатиот ден
Драма во Скопје: Немал пари да плати, па го натепал доставувачот и му ја земал нарачката
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад