Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Инцидент во СВР Струмица: полицаец пукал во полициска станица откако го суспендирале
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
(Во живо) Богдан Илиевски: Вилма Русковска е вирус и ќе одговара
Претрес
(Во живо) Бетмен Велит: Прашање за милион долари е кој го организираше 27 април
Претрес
(Во живо) Богдан Илиевски: Не лажам и не манипулирам, промакедонски сум ориентиран и дел од Шарената револуција не сум бил
Претрес
(Во живо) Бетмен Велит: Груевски ме посети кога бев во куќен притвор, не ме однел патот да го посетам во Будимпешта
Претрес
(🔴ВО ЖИВО) „Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски…
Претрес
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
МВР

Инцидент во СВР Струмица: полицаец пукал во полициска станица откако го суспендирале

Претрес.мк
Последни промени 27/10/2025
Претрес.мк
Сподели

Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против полициски службеник вработен во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, под сомнение дека извршил кривично дело „предизвикување општа опасност“.Како што соопштија од МВР, А.Б., кој бил на работно место самостоен инспектор, на 30 април 2025 година, околу 10:25 часот, додека бил на работа во службена просторија во кругот на Секторот за внатрешни работи Струмица, по добивање решение за отстранување од работното место, го извадил службениот пиштол, го репетирал и испукал еден куршум во правец на метален сеф кој се наоѓал во просторијата.Во моментот на инцидентот, во канцеларијата имало повеќе полициски службеници, а според внатрешната контрола, постои значителна опасност што можела да резултира со повреди или смрт на присутните лица.„По издадена наредба од началникот да го предаде службеното лично вооружување, пријавениот го извадил службениот пиштол и испукал куршум во правец на металниот сеф, со што предизвикал значителна опасност за животот и телото на присутните“, соопштија од Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди.Против полицискиот службеник ќе биде поднесен предлог за поведување дисциплинска постапка и ќе му бидат изречени мерки за суспензија од работното место, одземање на службеното оружје и муницијата, како и упатување на задолжителен психијатриски и психолошки преглед, додека трае постапката.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

(Во живо) Богдан Илиевски: Вилма Русковска е вирус и ќе одговара
(Во живо) Бетмен Велит: Прашање за милион долари е кој го организираше 27 април
(Во живо) Богдан Илиевски: Не лажам и не манипулирам, промакедонски сум ориентиран и дел од Шарената револуција не сум бил
(Во живо) Бетмен Велит: Груевски ме посети кога бев во куќен притвор, не ме однел патот да го посетам во Будимпешта
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад