Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: МВР влегува во Град Скопје и „Комунална хигиена“ поради алармантната состојба со отпадот
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
(Во живо) Калиопи за необјавената песна со Тоше: „Ја ставив во неговиот ковчег, таа си замина со него“
Претрес
(Во живо) Калиопи: Кога давам интервјуа надвор од Македонија, Северна не смее да стои на кајрон
Претрес
(Во живо) Калиопи: Татко ми цел живот сонуваше да бидам на оперската сцена, но не дочека да ме види покрај Хозе Карерас
Претрес
(Видео) СВР Скопје презеде мерки против возач кој го попречувал сообраќајот
МВР
(Видео) „Претрес“ со Калиопи: Од Југославија до денес, Тоше, Есма, Слаткар, Евровизија и “болката” за Македонија
Претрес
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
МВР

МВР влегува во Град Скопје и „Комунална хигиена“ поради алармантната состојба со отпадот

Претрес.мк
Последни промени 21/10/2025
Претрес.мк
Сподели

Владата на денешната седница донесе одлука со која го задолжи Министерството за внатрешни работи (МВР), во координација со повеќе инспекциски и здравствени институции, веднаш да спроведе вонреден инспекциски надзор во Град Скопје и во ЈП „Комунална хигиена – Скопје“, поради сериозните проблеми со собирањето и транспортирањето на комуналниот отпад.Според владините заклучоци, Државниот комунален инспекторат (ДКИ), Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС), Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) и Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) се задолжени, во соработка со МВР, веднаш да почнат координиран надзор на целата територија на главниот град. Целта е да се утврди реалната состојба со отпадот и да се преземат итни мерки за заштита на јавното здравје и животната средина.Паралелно, МВР е задолжено — во соработка со градските и државните инспекции — да ги испита постапките на Град Скопје и на ЈП „Комунална хигиена“, како и улогата на градоначалникот Данела Арсовска во ситуацијата со несобирање на отпадот. Според МВР, несобраниот отпад претставува директна опасност по здравјето на граѓаните.„Состојбата е алармантна и, иако надлежноста е на Град Скопје, поради континуираното непостапување ги повикуваме институциите веднаш да дејствуваат по заклучоците на Владата“, наведуваат од Министерството за внатрешни работи.Со оваа одлука, Владата практично воведува државен надзор над градската хигиена, откако со денови улиците на Скопје се преплавени со отпад, а јавното претпријатие и градските власти меѓусебно си ја префрлаат одговорноста за кризата.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

(Во живо) Калиопи за необјавената песна со Тоше: „Ја ставив во неговиот ковчег, таа си замина со него“
(Во живо) Калиопи: Кога давам интервјуа надвор од Македонија, Северна не смее да стои на кајрон
(Во живо) Калиопи: Татко ми цел живот сонуваше да бидам на оперската сцена, но не дочека да ме види покрај Хозе Карерас
(Видео) СВР Скопје презеде мерки против возач кој го попречувал сообраќајот
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад