Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Татко-инспектор му бришел докази од мобилниот телефон на синот осомничен за дрога, заработи кривична пријава
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
Татко-инспектор му бришел докази од мобилниот телефон на синот осомничен за дрога, заработи кривична пријава
МВР
Полицијата во Гевгелија спречи обид за убиство на поранешен партнер врз девојка, лишени од слобода две лица
МВР
Прегазено седумгодишно дете во Скопје, има тешки повреди
МВР
(Видео) Курто Дудуш: Шутка ќе ја направиме Дубаи
Претрес
(Видео) МВР ги бара извикувачите на навредливите и шовинистички пароли во Тетово
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
МВР

Татко-инспектор му бришел докази од мобилниот телефон на синот осомничен за дрога, заработи кривична пријава

Претрес.мк
Последни промени 14/10/2025
Претрес.мк
Сподели

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција, поднесе кривична пријава против Џ.Н. на работно место Виш инспектор за недозволена трговија со оружје во Отсек за недозволена трговија со дрога и оружје, Одделение за криминалистичка полиција при СВР Тетово и против О.С. на работно место Самостоен инспектор за недозволена трговија со дрога во Отсек за недозвоилена трговија со дрога и оружје, Одделение за криминалистичка полиција при СВР Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „попречување на правдата“ по член 368-а од Кривичниот законик, извести Министерството за внатрешни работи.„Првопријавениот, кој бил задолжен да постапува по предмет во кој две лица биле лишени од слобода поради основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“ по член 215,  му овозможил на второпријавениот, кој не бил работно ангажиран и е родител на едно од лицата лишени од слобода, да има целосен увид во службената документација, да располага и да ја пренесува од една во друга просторија, да ги придружува лицата лишени од слобода, да дава насоки при постапувањето и да биде присутен и да учествува во разговорот со лицата лишени од слобода. Исто така, овозможил привремено одземениот мобилен телефон од едно од лицата лишени од слобода, кај кого била пронајдена поголема количина на дрога, да располага со телефонот и да избрише и уништи докази од телефонот важни за истрагата“, соопшти МВР.Втoропријавениот, иако не бил работно ангажиран, активно се вклучил во преземање на службените дејствија во предметот во кој неговиот син бил лишен од слобода поради основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“ по член 215 од Кривичниот законик, при што му било овозможено да располага со телефонот и да избрише и уништи докази од телефонот важни за истрагата.Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против Џ.Н. и О.С. ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и ќе изрече задолжителна мерка отстранување од работното место.

Можеби ќе ти се допадне

Полицијата во Гевгелија спречи обид за убиство на поранешен партнер врз девојка, лишени од слобода две лица

Прегазено седумгодишно дете во Скопје, има тешки повреди

(Видео) МВР ги бара извикувачите на навредливите и шовинистички пароли во Тетово

Автомобил „Хонда“ излета од автопатот кај Неготино – повредени три лица, меѓу нив и дете

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

Татко-инспектор му бришел докази од мобилниот телефон на синот осомничен за дрога, заработи кривична пријава
Полицијата во Гевгелија спречи обид за убиство на поранешен партнер врз девојка, лишени од слобода две лица
Прегазено седумгодишно дете во Скопје, има тешки повреди
(Видео) Курто Дудуш: Шутка ќе ја направиме Дубаи
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад