Педесет и едногодишен жител на тетовско село пријавил во полицијата дека бил измамен од две лица – С.Р. и Б.Р. – за износ од 64.000 евра.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, оштетениот, по претходно склучен преддоговор кај адвокат, на 16 јуни 2021 година им ја уплатил целата договорена сума на сметката на второпријавената Б.Р. Сепак, по извршената исплата, пријавените не се појавиле за склучување на конечниот договор за купопродажба, како што било претходно договорено, по што оштетениот сфатил дека бил измамен.„Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе следува соодветна пријава“, соопштија од Министерството за внатрешни работи.

Сподели го овој напис