Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: (Видео) Детали за вооружениот грабеж во Гостивар: украдени 18 килограми злато вредно 1,8 милиони евра
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
(ВО ЖИВО) Костовски: Хари Костов и Комерцијална банка ја одиграа најподлата улога во стечајот на Еуростандард
Претрес
(ВО ЖИВО) Костовски: Системот ги уништи Порцеланка и Градски аптеки
Претрес
(🔴ВО ЖИВО) „Претрес“ на Трифун Костовски: Нова партија, пропадната Еуростандард банка, масонство, старите пресметки
Претрес
Татко и чичко со пиштол и пушка пукале кон објектот на синот поради деловни недоразбирања
МВР
Вработен во МЕПСО се здобил со изгореници при извршување работни задачи
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
МВР

(Видео) Детали за вооружениот грабеж во Гостивар: украдени 18 килограми злато вредно 1,8 милиони евра

Претрес.мк
Последни промени 11/10/2025
Претрес.мк
Сподели

Четворица маскирани и вооружени разбојници вчера вечер извршиле спектакуларен грабеж во златарница во центарот на Гостивар, одземајќи приближно 18 килограми злато во вредност од околу 1,8 милиони евра.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, разбојниците, вооружени со автоматско оружје, влегле во златарницата во близина на малиот пазар околу 18:45 часот и со закана по живот ја принудиле персоната да им го предаде златниот накит. Станува збор за златарница во сопственост на С.Ж. од Гостивар.По извршувањето на грабежот, сторителите побегнале со патничко возило „БМВ Х3“ без регистарски таблички. Само половина час подоцна, околу 19:00 часот, полицијата пронашла опожарено возило со ист опис на регионалниот пат Мавровска крстосница – село Маврово.Пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица – Гостивар, а при увидот во возилото е пронајдена автоматска пушка со бајонет, што укажува дека станува збор за добро подготвена и организирана група.Возилото е пренесено во кругот на Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај во Гостивар, по наредба на јавен обвинител, кој ја координира истрагата.Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат интензивни мерки за пронаоѓање на сторителите и целосно расчистување на случајот, кој предизвика големо внимание во јавноста поради дрскиот начин на извршување и високата вредност на украденото злато.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

(ВО ЖИВО) Костовски: Хари Костов и Комерцијална банка ја одиграа најподлата улога во стечајот на Еуростандард
(ВО ЖИВО) Костовски: Системот ги уништи Порцеланка и Градски аптеки
(🔴ВО ЖИВО) „Претрес“ на Трифун Костовски: Нова партија, пропадната Еуростандард банка, масонство, старите пресметки
Татко и чичко со пиштол и пушка пукале кон објектот на синот поради деловни недоразбирања
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад